На 19 години, неговиот дизајн ќе биде на 250.000 лименки Златен Даб низ Македонија

Share

Што значи да студираш на факултет каде твојата идеја не останува само во фолдер на компјутер?

За Марко, студент на Brainster Next College, тоа значи неговиот дизајн да стане дел од производ кој ќе го видат илјадници луѓе низ цела Македонија.

Студентите на Brainster Next College работеа на дизајн за лимитирано издание на лименка за Златен Даб. Победничкиот дизајн е на Марко — студент кој уште на 19 години доби можност неговиот дизајн да се најде на 250.000 лименки низ Цела Македонија.

„Не очекував дека токму мојот дизајн ќе победи“

Марко вели дека отсекогаш го привлекувала креативноста — филм, музика, уметност, видео игри и визуелни приказни што пренесуваат атмосфера и емоција.

Најмногу ужива во креирање постери, затоа што преку нив може да пренесе идеја, чувство или цел свет во една визуелна композиција.

Кога дознал дека токму неговиот дизајн е избран како победнички, првата реакција била изненадување.

„Се изненадив, бидејќи конкуренцијата беше навистина добра, па не очекував со сигурност дека токму мојот дизајн ќе победи. Мислам дека најубавото чувство беше сознанието дека идејата што ја создадов успеала да се поврзе со луѓето што го правеле изборот.“

Од студентска идеја до производ што ќе го види цела Македонија

За еден млад дизајнер, ова не е само победа на натпревар.

Ова е момент кога неговата работа излегува од училница, од презентација, од проектен бриф — и станува дел од реален производ. Освен тоа е и огромна предност за неговото дизајн портфолио и професионална кариера.

„Тоа за мене е огромно признание и мотивација. Ретко добиваш можност твојата работа да биде видена од толку многу луѓе, а уште помалку да стане дел од производ што е препознатлив низ цела Македонија.“

Токму ова е суштината на практичното студирање на Brainster Next College: студентите не учат само за дизајн. Тие дизајнираат. Работат за реални брендови, на реални предизвици, со реален фидбек и резултати што стануваат дел од нивното портфолио.

Идејата зад дизајнот: подобра иднина без предрасуди

Победничкиот дизајн на Марко е инспириран од сајберпанк естетиката, но со поинаков пресврт.

Наместо класичната мрачна, дистописка визуелна приказна поврзана со хаос и омраза, Марко сакал да прикаже свет со подобра иднина.

Свет без предрасуди. Свет во кој идентитетот се бира, а не се наметнува.

Тоа е приказна што не е само визуелно силна, туку и генерациски релевантна — особено за млади луѓе кои сакаат преку дизајнот да зборуваат за теми што им значат.\

Зошто Brainster Next College?

Кога го избирал факултетот, за Марко најважно било да учи во средина што поттикнува креативност, иницијатива и професионално искуство.

„Ми се допадна тоа што фокусот не е само на теорија, туку и на практична работа, реални проекти и градење портфолио уште за време на студирањето.“

За него, најголемата разлика помеѓу Brainster Next College и претходното искуство со образование е начинот на размислување.

„Постојано сме охрабрени да истражуваме, да експериментираме и да работиме на реални предизвици.“

А токму тоа е она што ја прави разликата за студентите кои сакаат кариера во дизајн: не само да научат алатки, туку да научат како да размислуваат како креативци, како да работат со брифови, како да презентираат идеи и како да создаваат решенија што имаат вредност надвор од факултетот.

Порака до идните студенти по дизајн

За сите идни студенти кои сакаат да се занимаваат со дизајн, но сè уште не се сигурни дали да почнат, Марко има едноставна порака:

„Дизајнот е процес во кој најмногу се учи преку практика, експериментирање и правење грешки. Најважно е да бидат љубопитни, да создаваат што повеќе и да не се плашат да го покажат својот стил и идеи.“

И можеби токму тука почнува секоја голема дизајнерска приказна — со љубопитност, храброст и првиот реален проект.

Сакаш и ти да студираш практично?

На Brainster Next College студентите учат преку реални проекти, менторство од професионалци и работа со компании уште за време на студирањето.

Ако сакаш да студираш дизајн, UX/UI, софтверско инженерство или дигитален маркетинг на факултет каде знаењето се претвора во портфолио, искуство и реални можности — уписите се во тек.

Пријави се за упис на Brainster Next College и започни да градиш кариера уште додека студираш. 

Започни со апликација денес бидејќи преостанаа уште 13 места за овие групи.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!