Search
Контакт

7 лесни начини да станете свој тренер за кариера

Не можете да очекувате дека некој постојано ќе Ве води низ Вашиот кариерен пат, или ќе ве мотивира да се впуштите во нови кариерни предизвици или да отворите сопствен бизнис. Добрата вест е што Вие самите можете да бидете свој кариерен тренер почнувајќи уште денеска.
stani-svoj-trener-za-kariera | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Многу луѓе се потпираат на кариерен тренер само кога се чувствуваат заглавени или им треба дополнителна мотивација и поттик да направат нешто. 

Ова се одлични причини да му плаќате на професионален тренер за да ви помогне да ја пронајдете вистинската насока за Вашата кариера. Но, зошто да не пробате самите да бидете мотиваторот што ви е потребен?

Како да станете свој тренер за кариера?

1. Почнете со „зошто”?

Пред да дадете оставка или да направите целосна кариерна трансформација, запрашајте се:

  • Зошто го работам она што го работам?
  • Зошто она што моментално го работам не ме исполнува?
  • Зошто ми е важно да променам нешто во кариерата?

Извор: www.pexels.com
2. Вашите јаки страни како предност

Наместо целосно да се фокусирате на Вашите слаби страни, започнете од обратната насока. Напишете листа на силни страни и квалитети што ги имате како професионалец.

Еве според кои прашања може да се водите:

  • Кои вештини ќе ми се најдат при рака за она што сакам да го работам?
  • Во кои полиња досега сум се покажала како успешен/а?
  • Со кои зборови ме опишуваат другите?
  • Што ми дава енергија кога работам?
  • Со која активност уживам да го поминувам моето време?

Извор: www.pexels.com
3. Поставување паметни цели

Една од најважните работи за да бидете свој тренер за кариера е да си поставите прецизна цел што ќе Ви биде ѕвезда водилка.

Користете го SMART принципот за поставување на кариерна цел:

  • Specific – поставете специфична цел, а не апстрактни желби.
  • Measurable – користете метрики за да го измерите својот прогрес.
  • Achievable – целта треба да е реална и остварлива.
  • Relevant – тесно поврзана со вашата професија.
  • Time-bound – дадете си рок до кога треба да ја остварите.

Штом ја поставите целта на овој начин – веќе сте на половина пат до успехот!

4. Бележете го Вашиот напредок

Веќе кога ја имате поставено целта што сакате да ја постигнете, време е да го следите својот напредок:

  • Започнете дневник за кариера каде што секојдневно ќе запишувате кои активности ги преземате за постигнување на целта.
  • Направете ексел табела со задачи што треба да ги комплетирате за да Ве донесат поблиску до вашата цел.
  • Замолете некој пријател или роднина постојано да Ве потсетува на вашата кариерна цел, бидејќи најчесто сакаме да останеме доследни на она што сме кажале дека ќе го сториме.

Извор: www.pexels.com
5. Креирајте клучни индикатори за перформанс за себе

Паралелно со запишување на својот напредок, замислете се себеси како компанија и поставете си KPI (клучни индикатори за перформанс) за самите себе.

Сè што треба е да одговорите на следниве прашања:

  • Која лекција (или лекции) ги научив денеска?
  • Дали некој ми даде комплимент или коментираше за мојата работа денеска? Што точно кажаа?
  • Која е најважната работа што ја постигнав денес?
  • Дали направив нешто надвор од основниот опис на моето работно место? 
  • Која активност или активности треба да ги преземам за утре да бидам уште подобар од денеска?

6. Престанете да се споредувате со другите

Многумина од нас имаа навика да се споредуваат со другите кога станува збор за кариера и социјален статус. 

Но, претераниот фокус на споредување со другите луѓе само ќе ја намали Вашата самодоверба и ќе ве исполни со љубомора.

Еве како може да си помогнете:

  • Чувајте кутија со благодарности. Секојдневно пишувајте на ливче барем по една работа за којашто сте благодарни и ставајте ја во кутијата. На крајот на неделата, прочитајте ги сите ливчиња. Гарантираме дека значително ќе Ви се подобри расположението.
  • Користете ја споредбата со другите како мотивација да се подобрите себеси. Запрашајте се: Што е она коешто го има другиот, а мене ми треба за да бидам успешен/а? Потоа, потрудете се да ја воведете навиката во Вашето секојдневие.
  • Копирајте ги навиките на луѓето што се успешни и наскоро ќе го почувствувате успехот на своја кожа.
  • Намалете ја употребата на социјални медиуми, бидејќи прикажуваат нереална слика за животите на луѓето.

Извор: www.pexels.com
7. Останете отворени за преквалификација

Образованието што сте го стекнале пред да ја започнете Вашата кариера можеби нема да Ви служи до крај на работниот век. Не смеете да го занемарите технолошкиот напредок. Вештачката интелигенција и технологијата се веќе закана за голем број на работни места. 

Затоа, можете да пристапите кон бесплатни алатки кои ќе ви помогнат во кариерната одлука, како оние кои се креирани од Brainster Next колеџот и можете да ги погледнете на нивната страна Ресурси за кариерно насочување.

Учењето не завршува со дипломирање, туку продолжува до крајот на животот. Затоа, без разлика на годините, останете отворени за преквалификација и целосно трансформирање на кариерата и ќе бидете подготвени за секаков кариерен предизвик.

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!