Потребни се многу елемeнти за да бидете успешен претприемач – одличен производ, пазар за пласирање на производот и решавање на специфичен проблем со којшто се соочува Вашата таргет публика.
Иако многу претприемачи ги исполнуваат сите овие услови, тие потфрлуваат кога треба да ја продадат својата идеја пред инвеститорот што ќе ја претвори таа визија во реалност. Идејата можеби е одлична, но сето тоа е залудно доколку никој не ја поддржи и финансира.
Што можат претприемачите да направат за да ја продадат својата идеја?
1. Запознајте го инвеститорот
Инвеститорите повеќе сакаат да слушнат што ќе направите за нив, отколку што имате направено до сега. За да го заинтересирате инвеститорот за Вашата идеја, најпрвин треба Вие да се заинтересирате за него на следниве начини:
- Кои се неговите полиња на интерес?
- Што прави во слободното време?
- Која е поврзаноста помеѓу Вашиот бизнис и интересите на инвеститорот?

2. Завршете ја домашната задача
За успешно да го убедите секој инвеститор дека Вашата идеја вреди, мора да знаете што ќе кажете и како ќе го кажете тоа.
- Извежбајте ја најмалку 10 пати презентацијата пред време;
- Вежбајте го говорот на телото пред огледало;
- Презентирајте пред пријателите, семејството и сите оние кои можат да ви дадат корисен фидбек.
Не заборавајте дека имате само една шанса за да ја продадете својата идеја како што треба. Затоа, не ја упропастувајте ја бидејќи не сте биле доволно спремни.
4. Раскажете интересна приказна
Секој претприемач треба да ги знае бројките што стојат позади неговата идеја. Но, овие податоци за време на презентирање на идејата можат да бидат здодевни за инвеститорите, па дури и да ја намалат силата на Вашата идеја.

Затоа оставете ги на страна фактите, графиконите и слајдовите и раскажете ја приказната кој е проблемот што ќе го решите со Вашата идеја. Имајте на ум дека оваа приказна треба да биде вистинита и лесно да може да се прераскажува на други.
5. Помалку е секогаш повеќе
Keep it simple, stupid (KISS) е фраза која што совршено доловува дека помалку е секогаш повеќе дури и кога станува збор за презентирање на идеја.
Долгите и обемни презентации нема да импресионираат никого, туку најверојатно ќе ги одвратат инвеститорите од финансирање на Вашата идеја.
За да влеете доверба кај инвеститорите, доволно е само бидете кратки и јасни.

6. Времето е твојот “непријател”
Кога презентирате, имајте на ум дека времето не е на ваша страна.
Статистички, имате на располагање помалку од 2 минути за да преминете до клучната порака што сакате да им ја доловите на инвеститорите пред тие да го изгубат вниманието. Затоа е важно да преминете на главната поента што е можно поскоро.
7. Имајте резервна варијанта
Дури и најдобро смислениот план, може да пропадне преку ноќ поради непредвидливи фактори. Инвеститорите сакаат да слушнат дека сте флексибилни на околностите и дека имате план во случај на криза.
Ова не значи само замислено сценарио во глава што доколку се случи наоколу, туку конкретен план со чекори доколку стартапот не успее.

За да дознете повеќе како да ја презентирате подобро Вашата идеја – https://innovationmanagement.se/2021/11/17/top-five-challenges-when-pitching-a-new-idea/