Современото работно место едноставно повеќе не се идентификува со одговорностите што се наведени во огласот на работната позиција.
Од денешните вработени често се бара да работат со други тимови и да понудат експертиза надвор од границите на својот оддел додека сè уште ги извршуваат специфичните должности наведени во описот на својата работа.
Со зголемената поддршка на технологијата и дигиталната трансформација, вработените на денешницата постојано стекнуваат нови вештини. Со тоа ја зголемуваат продуктивноста и квалитетот на работата на ниво на целата организација.

Како што технологијата продолжува да напредува и како што повеќе работни места се автоматизираат, насловите на работните места ќе треба да се развиваат за да одговараат на новиот бизнис пејзаж.
Како технологијата го менува начинот на кој работиме?
Еден од најчестите елементи на дигиталната трансформација е зголеменото потпирање на вештачката интелигенција.
Неодамнешното истражување на McKinsey само го потврди тоа:
67% од бизнисите го забрзале прифаќањето на вештачката интелигенција и другите автоматизирани технологии од почетокот на пандемијата.
Неизбежно е дека вештачката интелигенција ќе го промени начинот на работа на милиони работни места. Но, реалноста е дека луѓето ќе останат во центарот на речиси секоја професија.

Автоматизацијата ќе го ослободи човекот од рачни или повторливи задачи и ќе му овозможи да преземе подинамични задачи што го стимулираат неговиот мозок, ќе го поттикнуваат растот на компанијата, иновациите и задоволството кај клиентите.
Од друга страна, технологијата дизајнирана да ги олесни повторливите задачи, ги изложува на ризик работниците специјализирани во области што лесно може да се автоматизираат да ги загубат своите работи позиции.
Кои работни позиции се на удар од автоматизацијата?
Технологијата веќе презема значајни делови од современите работни места, како што е работата што ја вршат преведувачите, рецепционерите и услугите за корисничка поддршка.
На пример, иако преведувањето бара од говорниците детално разбирање на јазиците, технологијата исто така се подобрува во оваа насока. Преводи од големи размери, сè почесто и попрецизно ќе се доловуваат со софтвер за автоматско преведување со помош на машинско учење.

Улогата на луѓето во оваа равенка ќе остане недопрена, но специфичните одговорности и секојдневните задачи на преведувачите ќе се развиваат во насока на редовни проверки на квалитетот на преводот од автоматизираната технологија.
Вештачката интелигенција нема нужно да ги замени луѓето во горенаведените области, но ќе ни требаат флексибилни описи на работните места за да се прилагодиме на технолошкиот напредок и влијанието што ќе го имаат врз традиционалните работни позиции.
Имињата и описите на работните места повлекуваат непотребни граници
Како што задачите како внесување податоци и транскрипција се автоматизираат, вработените ќе имаат повеќе време да комуницираат и да соработуваат со луѓе надвор од своите оддели.
Зголемената интеракција помеѓу секторите може да доведе до тоа вработените да станат попродуктивни додека обезбедуваат работни резултати кои се попрецизни, подинамични и поквалитетни.
Од друга страна, автоматизацијата ќе има влијание врз работниците на речиси секое ниво на организацијата. Бидејќи повторливите задачи се автоматизираат, луѓето кои порано ги извршувале истите, ќе можат да преземаат одговорности што можеби не одговараат на нивниот оригинален опис на работното место.

Да се дозволи на вработените да ги надминат работните титули ќе ја зголеми продуктивноста. Тоа доаѓа во време кога одговорностите и вештините, потребни за таа позиција, се менуваат побрзо отколку што ние можеме да ги ажурираме насловите и описите на работните места.
Строго дефинираните описи на работните места веќе не се привлечни за современите работници кои ја разбираат вредноста на континуираното учење и важноста на вештачката интелигенција.
Три прашања пред објавување за нова работна позиција

Пред да напишете опис на работното место, поставете си ги следниве прашања:
- Кои сегашни и идни деловни потреби директно би ги решила оваа работна позиција?
- Каде на друго место во организацијата може да има влијание оваа улога?
- Кои основни компетенции ќе ја направат оваа индивидуа (а со тоа и Вашата компанија) успешна?
За да дознаете повеќе за ефектот на технологијата врз работните позиции од иднината – https://hbsp.harvard.edu/product/H06PPY-PDF-ENG