Формула што го предвидува начинот на којшто се движиме
Проучувајќи анонимни податоци од мобилни телефони, истражувачите го открија она што е познато како инверзна квадратна релација што ја објаснува поврзаноста помеѓу бројот на луѓе во одредена урбана локација и растојанието што го поминале за да стигнат таму, како и колку често патувале.

Според формулата, бројот на луѓе кои патуваат 2 километри 5 пати неделно ќе биде ист како бројот на луѓе што патуваат по 5 километри 2 пати неделно.
Можеби изгледа интуитивно луѓето почесто да ги посетуваат блиските локации, а поретко далечните, но истражувањето покажа дека секое човеково движење може да се предвиди со овој математички модел.
Ние имаме тенденција да мислиме дека има многу аспекти што влијаат на начинот на кој се движиме, како градскиот превоз, начинот на живот и социо-економските аспекти. Ова е точно до одреден степен, но формулата за движење покажува дека постојат цврсти закони што важат насекаде.
Оптимизирање на денот како основа на формулата
Истражувачите открија дека при сите уникатни избори што ги прават луѓето – од испраќање на децата на училиште, до шопинг или патување, тие несвесно ја почитуваат оваа формула.
Едно објаснување за оваа силна статистичка шема е дека патувањето бара време и енергија, а луѓето имаат ограничени ресурси за тоа.
Без разлика каде живеете, секогаш свесно или не, се обидувате да го оптимизирате вашиот ден и да го намалите напорот за да стигнете од точка А до точка Б и назад.
Како оваа формула ќе го намали ширењето на Ковид-19

Оваа математичко правило има длабоки импликации за тоа како ќе се шири вирусот Ковид-19.
Во помала рурална локација, каде што многу луѓе редовно одат во иста црква или супермаркет, целиот град ќе доживее пораст на бројот на заболени за пократко време.
За разлика од помалите места, во поголем град, размножувањето на вирусот трае подолго, а мали кластери на заразени може да се појават во секое соседство пред да избие вирусот на ниво на целиот град.
За да дознете повеќе за оваа формула што може целосно да ги трансформира градовите- https://www.scientificamerican.com/article/simple-mathematical-law-predicts-movement-in-cities-around-the-world/