Студентите од прва година на студиската програма UX/UI и графички дизајн добија предизвикувачка задача за испит – да го ребрендираат визуелниот идентитет на нивниот сопствен колеџ во рамките на предметот Имплементација на решение.
Овој краен испит претставува огромен чекор напред во градењето на идните дизајнери. Мисијата на Brainster Next е јасна: да создаде таленти, лидери и иноватори кои по завршувањето на студиите ќе бидат готови продукти – изградени личности и професионалци подготвени веднаш да придонесат кон заедницата.

Што значи оваа задача за студентите?
Да се работи на брендинг на сопствениот факултет отвора повеќе значајни аспекти за студентот:
Доверба и одговорност: Самиот факт што Brainster Next им доверува ваква важна задача на студенти од прва година зборува за огромната доверба во нивниот потенцијал и креативност. Оваа одговорност ќе ги мотивира да го дадат својот максимум.
Реално искуство: Уште на самиот почеток на нивните студии, студентите добиваат можност да работат на реален проект со вистински импликации. Ова практично искуство е непроценливо за нивниот професионален развој и во градење на нивното портфолио.

Креативно изразување: Ребрендирањето претставува одлична можност за студентите да ги применат своите знаења и вештини во UX/UI и графички дизајн, да експериментираат со нови идеи и да го изразат својот креативен потенцијал.
Дијана Димитриевска, Head of Design во Brainster, на презентацијата пред студентите ја сподели приказната за создавањето на визуелниот идентитет на Brainster Next и значењето на неговото лого. Нејзините увиди во процесот на дизајнирање и филозофијата зад елементите, како клиент се од огромно значење за нивната престојна работа.
‘’Oвој проект е огромна можност за раст и во исто време голема одговорност за студентите – да се дизајнира идентитетот на институција која што те оформува – не станува збор само за избор на боја и форма, станува збор за визија, идентитет, и храброст да се преиспита статус-квото. Ова не е само задача – ова е шанса студентите да остават свој печат, да создадат нешто што зборува за нивната генерација.“
Студентите имаат задача да ги искористат постоечките елементи на факултетот и да си поиграат со формите за да создадат свеж и модерен визуелен идентитет кој ќе ја отсликува мисијата и вредностите на Brainster Next.

Преку овој проект, студентите ќе можат да го покажат својот талент, да одговорат на реален предизвик и преку нивната работа да го остават својот белег на на својот колеџ.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет чија мисија е да го трансформира образованието преку практично учење реални проекти, поддршка на студентите со пракса и вработување, како и воедување на иновативниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Ако си амбициoзна, креативна и иновативна личност аплицирај на првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско Инженерство кој те подготвува за високоплатени идни професии и бизнис.