Во овој блог пост ќе можеш да се запознаеш со Дарко Сакалиев, алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster (Бреинстер) и дел од ИТ-тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.
Дарко Сакалиев е амбициозна и љубопитна личност. Тој пред неколку години почнал да работи како freelancer на Upwork, работејќи на WordPress веб-страници со многу малку знаење. Во тие години станал многу љубопитен како функционира WordPress во позадина, па оттука му се јавила желбата да истражува и да учи на кои програмски јазици е базиран самиот WordPress.
Во продолжение, дознај повеќе за Дарко Сакалиев и како изгледа еден ден во животот на Back-End програмер
Зошто стана Back-End програмер? Што те привлече кај оваа професија?
Станав Back-End програмер затоа што ме привлекува можноста за решавање на комплексни проблеми и градење на основата на веб-страници и веб-апликации. Техничките предизвици и способноста да се создадат робусни и скалабилни системи кои ги напојуваат веб-страниците и софтверот се она што ме привлече кон оваа професија.
Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?
Примарните code editors што ги користам се Visual Studio Code и PHPStorm. Во Back-End работам со програмските јазици PHP и JavaScript, а во Front-End имам работено со React и со Elementor во WordPress. Од страна на датабаза, користам релациона база на податоци MySQL, но имам работено и со нерелациски бази на податоци како MongoDB. Исто така користам алатка за контејнеризација Docker која ми овозможува лесно распоредување и одржување на веб-страницата или веб-апликацијата.
Колку е важна соработката на Back-End програмерот со другите тимови?
Соработката помеѓу Back-End програмери и други тимови е исклучително важна за успех на било кој проект. Соработката обезбедува јасно разбирање на барањата, ефикасно планирање и дизајн, непречена интеграција, решавање на грешки, постојано подобрување и ефективно управување со проекти. Тимската работа поттикнува ефективна комуникација, ги усогласува напорите и го максимизира севкупниот успех на проектот.
Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на Back-End програмер?
Мојот ден обично започнува со секојдневен состанок со тимот каде што споделуваме што сме изработиле и што планираме да работиме следно. Типично се фокусираме на додавање на нови функционалности на веб-страниците или апликациите, решавање на проблеми и подобрување на досегашниот код што го имаме напишано. Исто така споделуваме и учиме нови информации за технологиите со кои моментално работиме со цел сите да се подобриме како програмери.
Како остануваш во тек со најновите технологии и алатки за Back-End програмирање?
За да останам во тек со најновите технологии и алатки за Back-End следам блогови и вести поврзани со нив, следам програмери на социјалните мрежи и сум зачленет во повеќе форуми за програмирање каде што дневно постираат новости и интересни факти во врска со тие технологии.
Како се справуваш со предизвиците и препреките кои ти се појавуваат за време на твоето работење?
Обично кога наидувам на некои препреки или предизвици во работата најпрво го анализирам проблемот, истражувам за него и го барам најефикасното решение за тој проблем. Во случај да не можам да најдам никакво решение, можам да се потпрам на моите колеги програмери кои ми даваат друга перспектива и ми помагаат да го најдам најдоброто решение.
Која е тајната за да се стане успешен Back-End програмер?
Не постои тајна за да се стане успешен Back-End програмер. Упорноста, напорната работа и љубовта кон програмирањето според мое мислење е единствениот начин за да се стане успешен Back-End програмер. Сите учиме од сопствените грешки и не заборавајте дека hard work always pays off.
И за крај, твојот совет за сите идни Back-End програмери?
Мојот совет за идните Back-End програмери е да се научи основата перфектно и секогаш да се биде љубопитен. Исто така, важно е и да се развијат вештини за решавање на проблеми и да се прифаќаат предизвици, бидејќи најдоброто чувство е кога ќе дојдеш до саканото решение.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!