Тројца студенти на Next решија децениски предизвик на Државниот завод за статистика

Share

Изминатите неколку месеци, студентите на Brainster Next работеа на проект кој решава еден од најголемите и најдолгогодишни предизвици при користењето јавни податоци во Македонија- комплексното пребарување и интерпретација на статистичките податоци на Државниот завод за статистика.

Резултатот?


AI статистички асистент, прв од ваков тип, кој овозможува едноставно, брзо и интелигентно пребарување на официјалните податоци на ДЗС со поставување на едноставно прашање.

AI агент што ја поедноставува статистиката

Тројца студенти на Next од втора и трета година на Софтверско инженерство и иновации, Ангела Апостоловска, Зоран Соврлиќ и Даниел Дечков го создадоа AI агентот кој:

-ги обединува податоците од 168 статистички табели,

-одговара на поставени прашања,

-„памети“ претходни прашања и се надоврзува на разговорот,

-селектира и интерпретира податоци,

-и креира графикони.

Наместо сложени табели и рачно пребарување, корисникот добива јасен одговор и тоа веднаш.

-AI агентот е многу едноставен за употреба. Наместо сложени табели и рачно пребарување, корисникот поставува прашање и добива јасен одговор и тоа веднаш. Може да му се постави било какво прашање поврзано со статистички податоци, кое откако ќе биде одговорено останува меморирано во комуникацијата и може да се надоврзе на истото во било кое време. АI агентот може да генерира и графикон доколку корисникот има потреба од тоа, објаснува Ангела.

Овој AI агент ќе биде поставен на официјалниот сајт на Државниот завод за статистика и ќе биде достапен за сите: институции, медиуми, истражувачи, компании и граѓани.

Прв ваков проект со податоците од Државниот завод за статистика

Ова е првпат податоците од ДЗС да бидат ставени во ваква интерактивна, AI-поддржана форма, што овозможува реално користење на статистиката во секојдневното носење одлуки.

Проектот за изработка на AI статистички асистент со користење на вештачка интелигенција, развиен од студентите на Brainster Next, во соработка со нашите вработени, ја отсликува нашата определба за градење на модерна институција со помош на новите технологии. Оваа соработка претставува пример за успешно партнерство помеѓу академската заедница, младите таленти и јавните институции што може да придонесе кон создавање современи дигитални решенија. Со овој проект, Државниот завод за статистика ја зајакнува својата улога како современа институција што активно ги следи и применува новите технологии и се позиционира како институција подготвена да ги прифати предизвиците на новата дигитална ера, објаснува Дејан Станков, директор на ДЗС.

Проектот претставува пример за тоа како отворените податоци можат да станат навистина употребливи, AI може да служи на јавниот интерес, а работата на студентите може да прерасне во национално дигитално решение.

Се гордеам на прототипот кој го создадовме со студентите од Next. Ова е еден од првите AI системи интегрирани со државни статистики во европски рамки, а можеби и пошироко, истакнува
 Илија Личковски (Machine Learning Engineer | AI Researcher University of Groningen) – ментор на студентите

Според него, студентите покажале високо ниво на независност, адаптабилност и професионалност, решавајќи сложени технички предизвици паралелно со редовните студиски обврски.

Покажавме систем кој го импресионира клиентот и ова немаше да биде возможно без придонесот на секој еден од нив: Ангела, Даниел и Зоран. Ова е влијателен придонес и студентите треба да се гордеат што нивната работа им помага на нашите институции полесно да носат статистички-поддржани одлуки, вели Илија.

За Ангела, Зоран и Даниел ова е неповторлива животно искуство, особено што за прв пат успеваат да решат децениски проблем и тоа не само да го решат туку и да го поедностават, модернизираат и унапредат.

Овој проект уште еднаш потврдува што значи образование поврзано со реалниот свет и индустријата.

На Brainster Next, студентите не работат симулации, туку постојано развиваат решенија што се применуваат во компании и институции и го подобруваат самото општество.

Brainster Next не ги подготвува студентите „за еден ден“ откако ќе дипломираат туку за реални предизвици преку доверба да работат на конретни и применливи проекти.

И кога вакви решенија стануваат дел од официјалниот државен систем, станува јасно дека иновацијата и модернизацијата повеќе не е идеја на хартија, туку функционална реалност. Реалност што ја создаваат студентите на Next.

Искористи ја финансиската поволност за ран упис за академската 2026/27 година.
Аплицирај навреме и обезбеди си место меѓу оние што не чекаат шанса, туку ја создаваат.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!