Во динамичниот свет на UX/UI дизајнот, разбирањето на сложеноста на човековото однесување е клучен аспект. Одличниот UX дизајнер мора да ја разбере психологијата на корисникот со цел да создаде интуитивно и пријатно искуство што ќе го натера да стане бренд амбасадор на неговата компанија. Во овој блог пост, ќе дознаеш за најдобрите четири психолошки трикови што треба да ги знае секој UX дизајнер ако сака да ја зацврсти својата дизајнерска моќ.
Како човечки суштества, на секој од нас примарна цел му е да ги задоволи своите психолошки потреби. Оттука, секој UX/UI дизајнер има голема одговорност кога креира дигитално искуство.
“A designer who doesn’t understand human psychology will be no more successful than an architect who doesn’t understand physics.“ – Joe Leech, UX Consultant & Author of book Psychology of Designers
Откриј ги психолошките трикови на кои се потпираат врвните UX/UI дизајнери
- Тоа што изгледа добро, сигурно е и функционално
Добро познатата реченица во дизајн светот, „form follows function“ е темелник на дизајнерското размислување, нагласувајќи ја вродената врска помеѓу естетиката и функционалноста. Кога корисниците сметаат дека дигиталниот интерфејс е визуелно привлечен, тие инстинктивно претпоставуваат дека е и функционален. Луѓето што немаат техничко разбирање ќе го проценат производот или услугата врз основа на првиот впечаток. Понекогаш тоа значи добра слика, симпатична анимација или привлечна боја застапена насекаде низ веб-страницата. Сето ова може да биде поттик за купување на понудениот продукт. Овој феномен е познат како ефект на естетска употребливост (Aesthetic Usability Effect).
Дизајнерите често го користат овој психолошки трик за да создадат интерфејси кои ја спојуваат убавината со употребливоста. Со обезбедување хармоничен баланс помеѓу визуелните елементи и функционалноста, дизајнерите влеваат чувство на доверба кај корисниците, поставувајќи ја основата за позитивно и интуитивно корисничко искуство.
- Анимациите обезбедуваат чувство на сигурност
Анимациите не само што се интересни за гледање, тие всушност служат како моќна психолошка алатка за подобрување на корисничкото искуство.
Која ти беше првата помисла кога последен пат на екранот, вчитувањето на веб-страницата застама на 99%? Треба да почекам уште малку, нели? Но, ова чекање обично е подолго од очекуваното.
Она што навистина се случува е дека корисниците немаат контрола врз темпото со кое се вчитува страницата. UX дизајнерите ја додаваат оваа анимација за да ги натераат корисниците да веруваат дека се случува нејзино освежување и дека ќе се вчита за брзо време. Во повеќето случаи, така само „купуваат” уште малку време за корисникот да не ја изгаси пред да се отвори.
Суптилните анимации можат да пренесат чувство на одговорност и безбедност, уверувајќи ги корисниците дека нивните интеракции се во тек. Од притискање на копчињата до индикатори за вчитување, добро изработените анимации создаваат врска помеѓу корисникот и интерфејсот. Ова психолошко уверување придонесува за чувство на контрола и разбирање, што ги прави корисниците поудобно и посигурни во навигацијата низ дигиталната средина.
- Помнење на првиот и последниот дел
Луѓето имаат тенденција да се сеќаваат само на првиот и последниот дел од серијата која штотуку ја виделе. Тоа значи дека често го занемаруваат средниот дел. Виновникот за тоа е ограничената меморија на луѓето која не може да складира голем број информации истовремено.
UX дизајнерите стратешки го користат овој психолошки феномен осигурувајќи се дека првата и последната интеракција во интерфејсот се незаборавни. Првиот впечаток е тој што треба да го натера корисникот да остане на веб-страницата и да продложи да ја прелистува, додека пак целта на добриот заклучок е да остави траен позитивен отпечаток. На овој интересен психолошки податок се потпираат и голем број популарни светски брендови, како Nike и Apple кои го применуваат овој ефект на своите веб-страници со цел да влијаат врз однесувањето на корисниците.
- Парадокс на изборот
Не секогаш повеќе значи подобро. Всушност, барем кога станува збор за UX/UI дизајнот важи обратното правило. Позната ти е изреката “Less is more”? Па, токму за тоа станува збор сега. Колку што е поголема понудата на производи, толку повеќе време им треба на луѓето да го направат својот избор. Со други зборови, широкиот избор може да го блокира процесот на донесување на финална одлука, а може да предизвика и откажување од наоѓање на вистинскиот избор за нив.
Корисниците не сакаат да бидат „бомбардирани“ со многу избори и опции. Причината е едноставна: ќе им треба повеќе време и напор за да ја анализираат секоја опција посебно, а никој не сака да потроши толку многу време на тоа. Затоа, паметните UX дизајнери користат техники како категоризација и поедноставување на сложеноста за да им помогнат на корисниците да го направат својот избор побрзо. Овој пристап не само што го рационализира корисничкото патување, туку и го зголемува задоволството со намалување на когнитивниот товар на корисниците.
Топло ти препорачуваме да ја прочиташ книгата “The Paradox of Choice” од Barry Schwartz доколку сакаш да дознаеш повеќе за овој феномен.
Според сето ова, во областа на UX/UI дизајнот, успехот лежи во разбирањето на човечката психологија. Овие четири дизајнерски трикови нека ти служат како психолошки алатки што ќе ги користиш со цел да создадеш беспрекорни, интуитивни и незаборавни кориснички искуства. Како што технологијата продолжува да се развива, синергијата помеѓу дизајнот и психологијата ќе станува сè повеќе витална, осигурувајќи дека дигиталните интерфејси не само што ќе го привлекуваат вниманието, туку и ќе остават траен отпечаток во умот на корисникот. Затоа постојано биди во тек со најновите трендови во UX/UI дизајнот и психологијата.
Имаш око за детали и UX/UI дизајнот ти изгледа интересен? Погледни кои области ги опфаќа и што сè можеш да работиш по дипломирање на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College.