Почетокот на Новата Година го прославивме навраќајки се на сите успеси кои ги постигнавме во минатата, а оваа дефинитивно ја започнавме уште пoмотивирани да направиме револуција во високото образование во Македонија.
Па така, новостите од месец јануари се однесуваат на инспиративниот мастер-клас со Нина Геометриева, нашата најуспешна дизајнерка која ги освои светските tech-гиганти, гостинското предавање на Никола Соколов, CEO и коосновач на Influencers.club, како го редефинираме образованието заедно со нашиот основач, Brainster (Бреинстер) и како да креираш врвни UX/UI дизајни со помош на психологијата.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

- Експерти од светските tech-гиганти ги носиме на час во Brainster Next College
За нашите студенти креираме инспиративна средина, што ја нема на ниту еден друг факултет во Македонија! Директно од Meta, во просториите на Brainster Next College ја донесовме нашата најпозната UX дизајнерка, Нина Геометриева.
Го одржавме Brainster Next мастер-класот на кој студентите се запознаа со оваа дизајнерка полна со исклучителен талент, постојана љубопитност и упорност, која успеа да се издвои од илјадници конкуренти и да стане прв избор на tech-гигантите како Google, Airbnb и Meta.
Како изгледа и што содржи порфолиото на Геометриева? Кои се најзначајните проекти кои ги претставува на интервју за работа? Како го презентира сработеното? Како се стигнува до работа во Инстаграм, Google Pay и Google Maps? Како е да се биде дизајнер во GenAI тимот на Meta?
Ова се само дел од прашањата на кои одговори Нина на инспиративниот мастер-клас, настан кој е во рамките на заложбата на првиот практичен ИТ-факултет, Brainster Next College, на своите студенти да им обезбеди мотивирачки предавања од експерти од индустријата и можност за учење од најдобрите.
Настанот се одвиваше во живо за студентите и професорите на Brainster Next College и на академиите на Brainster, а можеше да се проследи и со регистрација на Zoom, но и на live stream на социјалните мрежи.

- Brainster Next Talks со Никола Соколов
Ги креиравме Brainster Next Talks настаните со цел да им овозможиме на студентите на Brainster Next College пристап до успешни луѓе од индустријата што веќе го поминале „тешкиот пат“ на започнување на бизнис и се доказ дека со труд и континуирано учење може да се постигне сè. Овие експерти се вистинска инспирација, а нашите студенти ја имаат привилегијата да се запознаат со секој од нив, да ги прашуваат сè што ги интересира за областа и да добијат значајни совети за успех во кариерата уште додека студираат.
Честа да ја раскаже својата кариерна приказна и започнувањето на сопствена компанија овој пат ја препуштивме на Никола Соколов, CEO и коосновач на Influencers Club.
Прочитај повеќе за Никола и кои се петте работи што ги научивме од неговото гостинско предавање.

- Како го редефинираме образованието
Втора акредитирана програма на Brainster Next College, успешно реализирани платени летни пракси, уникатен предмет од индустрија, 100% задоволство на компаниите од реалните проекти на студентите, лансирање на најголемата иновација во учењето Brainster+, рекорден број запишани студенти, најголемиот хакатон во живо на Балканот, рекорден број вработени студенти, успешен старт на Brainster Albania, креирање Стандард за квалитет на образовните програми на Brainster, врвна листа на инструктори и професори… Ова се само дел од успесите кои Brainster Next College и Brainster ги постигнаа во 2023 година.
Секој успех се должи на напорната работа на тимот од 70+ вработени, експертизата на нашите 150+ инструктори, поддршката од 150+ партнери од индустријата и, секако, нашата заедница со 12.000+ алумни-студенти.

- Како да креираш врвни UX/UI дизајни со помош на психологијата
Во динамичниот свет на UX/UI дизајнот, разбирањето на сложеноста на човековото однесување е клучен аспект. Одличниот UX дизајнер мора да ја разбере психологијата на корисникот со цел да создаде интуитивно и пријатно искуство што ќе го натера да стане бренд амбасадор на неговата компанија. Во овој блог пост, ќе дознаеш за најдобрите четири психолошки трикови што треба да ги знае секој UX дизајнер ако сака да ја зацврсти својата дизајнерска моќ. Како човечки суштества, на секој од нас примарна цел му е да ги задоволи своите психолошки потреби. Оттука, секој UX/UI дизајнер има голема одговорност кога креира дигитално искуство.
“A designer who doesn’t understand human psychology will be no more successful than an architect who doesn’t understand physics.“ – Joe Leech, UX Consultant & Author of book Psychology of Designers
Откриј ги психолошките трикови на кои се потпираат врвните UX/UI дизајнери.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.