Во традиционалните образовни институции, студентите често се соочуваат со предизвици без соодветна поддршка. Но, во Brainster Next факултетот, ние веруваме во проактивна грижа и континуирана поддршка за секој студент. Преку специјализирани тимови за „Student Success“ и „Partnerships“, нашиот факултет нуди целосна поддршка и ги подготвува студентите за успешни кариери.
„Во повеќето образовни институции, успевате или пропаѓате сами. За нас, овој принцип е архаичен“. – Петар Ниновски, основач на Brainster Next факултетот.

„Student Success“: Персонализирана поддршка за секој студент
Тимот на „Student Success“ е одговор на студентските прашања, но без долги часови чекање на ред. Се работи за тим на посветени професионалци кои работат на тоа секој студент да ги достигне своите потенцијали, како и своите лични и професионални цели. Како? Со следење на ангажираноста, напредокот и задоволството на студентите. Со анализирањето на овие податоци и предвидување на потребите на секој студент посебно, Student Success можат да спречат појавување на несакан проблем.
„Се радувам да ги гледам студентите како напредуваат! Можноста да им помогнам да го подобрат својот начин на учење и организација ме исполнува, затоа што знам дека тоа ќе им донесе долгорочен успех.“ – Ема Близиновска, Student Success Coordinator, Brainster Next
Ваквото будно следење на студентите во текот на нивното студирање и нивните ангажмани поврзани со факултетот, ни дозволуваат да направиме интелигентни интервенции и да помогнеме на студентот.
Наместо еден пристап за сите, ние нудиме посебна поддршка на секој студент. Свесни сме дека секој има свој начин на учење, свои потреби и своја траекторија за успех. Наша задача е да ја предвидиме и да постапува емпатично, обезбедувајќи поддршка што е релевантна и ефективна за секој поединец.

„Најомилено во мојата работа е тоа што можам директно да им помогнам на студентите! Кога ќе видам дека мојот совет им помага, дека ги мотивира и ги носи чекор поблиску до успехот, знам дека правам вистинска разлика“. – Деника Поленак, Student Success Coordinator, Brainster Next.
Индустријата и пазарот на трудот постојано се менуваат! Особено во последните неколку години. Наша задача е да се менуваме со нив! Го правиме тоа што постојано се прилагодуваме и им овозможуваме на студентите стекнување со релевантни вештини кои се потребни денес.
За искуството со „Student Success“ тимот ни сподели Кире Јорданов, студент на студентската програма Софтверско инженерство и иновации:
„Со нашите координатори имаме отворена комуникација и не е официјална како на другите факултети. Не чекаме долго за да добиеме одговори и кога имаме нешто нејасно, директно комуницираме со нив. Секогаш кога сум имал прашање сум добил соодветен одговор и мојата координаторка беше тука да ми помогне за мојата дипломска, како и за мојата пракса“.

„Partnerships“: Поврзување со водечки компании и можности
„Student Success“ се грижи за студентите во текот на нивните студии, а тимот на „Partnerships“ се грижи да им обезбеди можности за надворешниот свет. Додека „Student Success“ се грижат секој студент да го постигне својот личен потенцијал, „Partnerships“ им наоѓаат реални проекти, пракси и вработување каде што тие ќе можат да ги докажат.
„Ние сме исклучително горди на нашите партнерства и напорната работа што ја вложуваме за да им обезбедиме реални можности на нашите студенти. Секојдневно се трудиме да создадеме мостови помеѓу образованието и индустријата, овозможувајќи им на студентите да стекнат практични искуства кои ќе ги подготват за успех во нивните кариери. Нашата цел е да им помогнеме на студентите да ги реализираат своите амбиции и да направат вистинска разлика“. – Јана Тодоровска, лидерка на „Partnerships“ за Brainster и Brainster Next.
Овој тим има воспоставено силни партнерства со 200+ реномирани локални и интернационални компании од различни индустрии. Овие партнерства им овозможуваат на студентите:
Пракса и вработување:
Студентите добиваат ексклузивни можности за стажирање и вработување во партнерски компании, што им овозможува да стекнат практично искуство и да ги применат своите знаења во реални работни средини.

Гостински предавања и реални проекти
Експерти од партнерски компании одржуваат гостувања и предавања, споделувајќи ги своите искуства и знаења со студентите.
Студентите работат на реални проекти за партнерските компании, што им овозможува да се соочат со вистински предизвици и да развијат практични вештини.
Петар Ниновски, основач на Brainster Next, го нагласува иновативниот пристап на институцијата:
„Традиционалните училишта не размислуваат како стартапи за висок раст. Тие ретко градат цели тимови за да се справат со партнерства или проактивно да управуваат со успехот на студентите. Обично е „учи, тестирај, повторувај“. Ние видовме можност да го преобликуваме образованието со воведување вистинска инфраструктура за кариерно забрзување и поддршка на студентите во реално време.“