Со повеќе од шест години искуство во македонската ИТ индустрија и магистерски студии завршени на ФИНКИ, Константин Богданоски е професор по Развој на мобилни апликации на Brainster Next College.
Во својата кариера работел на проекти во областа на здравството, финтек индустријата и менаџментот на ресурси, со експертиза во C#, Java, JavaScript, React, React Native, Shell scripting и машинско учење со Python.
За Константин, мобилните апликации се моќ што може да го смени светот. „Сѐ започнува од едноставна идеја, која подоцна може целосно да го смени текот на светот,“ вели тој. На своите студенти им помага да развијат критичко размислување, способност да се стават во чевлите на корисникот и храброст да почнат, без изговори.

Ако треба да му објасниш некому во една реченица што значи „да направиш мобилна апликација“, што би му рекол?
Моќта што ја имаат мобилните апликации во модерниот свет е преголема за да биде игнорирана. Сѐ започнува од едноставна идеја, која подоцна може целосно да го смени текот на светот.
Какво е твоето досегашно искуство со студентите на Brainster Next и која мислиш дека е нивната најголема предност на пазарот на трудот?
Одлично. Постојат млади луѓе кои ќе ги направат следните големи промени во човековото секојдневие. Најголемата предност е тоа што стекнуваат практично знаење и техники кои значително ќе им го олеснат почетокот во професионалниот свет.
Како ги учиш студентите да размислуваат како корисници, а не само како програмери?
Се трудам да им укажам најпрво да се стават во улога на краен корисник. Ако нешто на апликација не им се допаѓа, постои голема веројатност дека тоа нема да им се допаѓа ниту на другите, па токму тие грешки не треба да ги повторуваат во своите решенија.

Ако треба да дадеш еден совет на млад човек кој сонува да направи своја апликација, кој би бил тој?
Почни веднаш и постави си концизни цели кои реално можеш да ги постигнеш. Не цели веднаш кон следниот Instagram или TikTok, тоа ќе дојде со време, ако добро ја завршиш својата работа.
Како оваа програма ги подготвува студентите на Brainster Next за брзорастечкиот пазар на технологија и стартапи?
Ги подготвува така што ги учи да користат модерни технологии и концепти кои реално се применуваат во развојот на новите мобилни апликации.
Според тебе, која е највредната вештина што студентите ја стекнуваат преку овој предмет?
Критичкото размислување. Во свет каде што алатките од вештачка интелигенција се лесно достапни, токму способноста за критичко размислување и справување со различни проблеми е суштинска вештина што секој инженер мора да ја поседува.