Brainster Next ги гради инженерите на иднината – Даниел Ѓуревски

Share

Повеќе од дванаесет години, Даниел Ѓуревски решава најразлични предизвици со помош на технологијата. Последните четири години е дел од Intertec како проектен менаџер, каде што води тим од над триесет луѓе во крос-функционални проекти. Паралелно, го развива и својот AI производ – Kalkulirai.com, финансиска алатка која им помага на луѓето полесно да планираат буџети, кредити и сложени финансиски пресметки.

На Brainster Next College, Даниел го предава предметот Софтверско инженерство, каде што со студентите го споделува она што најдобро го знае: практичното знаење стекнато во реалната индустрија. „Главната работа на софтверскиот инженер не е да пишува линии код, туку да разбира проблеми и да изнајде решенија,“ вели тој.

Затоа неговите часови се практични вежби во кои се гради начин на размислување како архитекти на системи, а не кодери на задачи. Она што најмногу го инспирира во работата со студентите е нивната љубопитност и храброст да поставуваат прашања и да аргументираат. „Тие учат од реални примери и имаат можност за пракса во компании со кои Brainster Next College соработува. Тоа е нивната најголема предност: учат од индустријата, не од книга.“


Дали твојата идеја вреди 1.000.000 денари? NU Академиите и Brainster Next College го организираат најголемиот натпревар во Македонија – Средношколец Милионер. Пријави се до 26.10.2025 сам, во пар или во тим.


Ако треба да го опишеш софтверското инженерство во една реченица, што би било тоа?

Креативен начин за создавање функционални решенија во реалниот свет, кои подоцна, како продукти, ќе им служат на луѓето кои се соочиле со одреден проблем.

Како ги поттикнуваш студентите да размислуваат како архитекти на решенија, а не само како извршители на задачи?

Бидејќи ова ми е прво искуство каде што можам да го пренесам своето досега стекнато знаење од праксата, се обидувам да им укажам дека главната задача на софтверскиот инженер не е само да пишува линии код, туку да биде човек кој ги разбира проблемите и, со помош на добро структуриран процес и методологија, да изнаоѓа решенија.
Целта е да се развие начин на размислување како архитекти на системи, а не како кодери на задачи.

Како предметот „Софтверско инженерство“ им помага на студентите да развијат дисциплина, одговорност и тимска работа?

Преку практични примери, бидејќи овој предмет не треба да биде само теорија, туку и учење на дисциплина и навики во тимска работа.
Како што спомнав, низ предавањата се обидувам да дадам реални примери од индустријата, како нешто функционира во пракса, а како тоа е дефинирано во книга.
Дел од студентските вежби се структуирани така што задачите се решаваат во тим, при што секој студент има своја улога во изнаоѓањето на решението.

Како оваа програма ги подготвува студентите на Бреинстер Некст за вистински инженерски предизвици во компаниите?

Најголемата вредност е што студентите немаат традиционален пристап кон учењето, не учат само од книга, туку и од луѓе кои секојдневно се дел од индустријата.
Покрај моите предавања, целта ми е на часови да донесам и гостински предавачи кои имаат богато техничко искуство во развој на софтвер и работа на реални проекти.

Што мислиш, зошто инженерскиот начин на размислување е вреден и надвор од ИТ индустријата?

Инженерското размислување е начин на живот.
Без разлика дали градите бизнис, апликација или семејство, способноста да планираш, анализираш и наоѓаш решенија треба да биде универзална вештина.

Какво е твоето досегашно искуство со студентите на Brainster Next и која мислиш дека е нивната најголема предност на пазарот на трудот?

Оваа генерација е исклучително љубопитна и има храброст да се спротистави со аргументи и факти кога не се согласува со нешто, тоа е првото што ми падна во очи.
Најголемата нивна предност е што учат преку реални примери и имаат вистинска можност за пракса во компании со кои Brainster соработува. Тоа само по себе им додава голема вредност на пазарот на трудот, бидејќи practice makes you perfect.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!