Во време кога младите масовно ја напуштаат Македонија во потрага по поквалитетно образование и реални можности за напредок, ние одлучивме да ги создадеме тие можности тука. Денес, кога пазарот на труд станува сè поконкурентен, а работните позиции сè потешко достапни без практично знаење и искуство, неопходно е факултетите да станат центри и за образование и за вработување.
Нашиот факултет од прв ден ја има токму таа цел. Па, еве три години подоцна сите студенти од првата генерација на студенти на Brainster Next College кои ќе дипломираат оваа година ќе започнат со работа.
Овој тип на образовен модел веќе се бара и во Европа. Со гордост објавуваме дека Brainster и Brainster Next College започнуваат регионална експанзија на своите образовни програми во Европската Унија. Нашата прва официјална франшиза на NU High School Academy – практична академија за талентирани средношколци од 15 до 18 години е веќе достапна во Словенија. Иако само во изминатата година дури 1.697 македонски државјани се запишале на студии во Словенија, токму словенечките едукативни инситуции одлучија да го применат нашиот образовен модел – за да ги едуцираат нивните млади и да ги подготват за реалниот пазар.

Партнерот кој го препозна нашиот квалитетен модел на образование е Erudio Education Group – реномирана образовна институција од Словенија. Основана во 1993 година, Erudio е етаблирана приватна образовна групација во Словенија средно и високо образование, како и специјализирани курсеви и обуки со јасен фокус на практично учење, развој на кариера и поддршка на индивидуалниот напредок на секој студент. Покрај нив, дел од оваа иницијатива е и FirstClass, водечка HR и образовна компанија во Словенија, која преку својот BusinessClass програм работи на развој на идните генерации на лидери.
„Erudio, реномирана образовна институција од Словенија, и FirstClass, водечка словенечка компанија посветена на младите таленти преку својот BusinessClass програм, со гордост го објавуваат новото стратешко партнерство. Преку NU High School Academy програмите, целиме да им овозможиме на младите амбициозни и талентирани личности практични знаења и суштински вештини кои ќе ги поддржат во личниот развој и ќе им помогнат со самодоверба да зачекорат кон успешна кариера.“, велат во заедничка изјава од Erudio и FirstClass.
Реакција на реален проблем
Brainster Next College веќе ја нуди таа алтернатива на класичниот модел на образование кој се базира на теорија. Преку нашите програми создадовме практично, современо и индустриски релевантно образование, засновано на реални проекти, ментори од индустријата, сектор за вработување и постојана поддршка за студентите.

Учење преку реални проекти: Студентите добиваат искуство учат преку работа на реални прокти со компании и стартапи уште за време на студиите. Тие не презенитираат само пред професори, туку и пред реални клиенти од индустријата.
Програма за високоплатени вештини: Нашиот фокус е на практични и високоплатени вештини кои се актуелни и барани во индустријата: AI, претприемништво, иновации и современ и критички начин на размислување кој ќе ги подготви студентите за реалниот свет и ќе им даде самодоверба.
Сектор за поддршка на студентите: Секој студент има различна патека, амбиции и предизвици. Тимот им помага на студентите со организација на времето, во мотивацијата, избор на професионална насока и сè што е потребно за да стигнат до целта.
Сектор за вработување: Директно се справуваме со еден од најголемите проблеми на младите кај нас. На Brainster Next College постои специјализиран сектор за вработување, фокусиран на подготовка и поврзување на студентите со реални можности за кариера. Им помагаме на студентите да креираат свое CV и портфолио, им обезбедуваме пракса за време на студиите и директно ги поврзуваме со компании. Нашиот тим работи за секој студент да го направи клучниот чекор од образование до вработување.

Ментори од индустријата: Наставата ја водат активни професионалци, луѓе кои во моментот директно работат во областа што ја предаваат. Тие не прераскажуваат учебници и не се фокусираат само на теорија, туку споделуваат искуства, реални предизвици и практични решенија од секојдневната работа. Со помош на нив студентите добиваат реална слика како изгледа работниот ден во индустријата за која се подготвуваат.
Од „brain drain“ до „brain export“: Македонски образовен модел кој станува регионален стандард
Овој чекор претставува многу повеќе од институционален успех за Brainster и и Brainster Next College. Се работи за стратешка пресвртница за македонското образование.
Во контекст на долготрајниот тренд на иселување на млади луѓе во потрага по поквалитетно образование и подобри професионални услови, фактот што македонски модел е лиценциран и применет во Европската Унија е доказ дека решенијата не мора да се увезуваат – можат да се создадат и извезуваат од Македонија.
Оваа франшиза е силен сигнал дека иновативноста, квалитетот и практичниот пристап кон образованието се клучните вредности што ја трансформираат нашата земја од извор на талент во извор на системски решенија.

Нашата мисија останува иста: да изградиме нова генерација на млади луѓе подготвени за глобалниот пазар на труд, без разлика дали студираат во Скопје, Љубљана или Загреб.
Следната дестинација е Хрватска, а интерес веќе постои и од други земји во регионот и пошироко.
Ова е само првиот чекор кон исполнување на нашата должност која ја направивме наша мисија- Македонија да стане препознатлива по квалитетно образование.