Тамара Димитрова е менаџерка за иновации во Intertec.io и бизнис менаџер во Culturtec, каде што работи на револуционизирање на HR технологијата преку иновативен софтвер за подобрување на благосостојбата и мотивацијата на вработените. Таа води мултифункционални тимови за развој на иновативни решенија, со силен фокус на партнерства со академската заедница.
Како професорка по предметот на Архитектура на компјутери на Brainster Next колеџот, Тамара споделува за балансот помеѓу теорија и пракса, како предметите од индустријата им помагаат на студентите да се соочат со реалните предизвици, како и за нејзиното искуство како менторка и професорка на колеџот.
Што го издвојува Brainster Next од другите факултети?
Би го нагласила фокусот на примена на знаењето кое го добиваат студентите и изложеноста (воедно и влијанието) на индустријата во склоп на наставната програма од самиот почеток, па до крајот. Предметите од индустрија, предметите за имплементација на решенија се точка во која студентите се изложени директно на реалноста која се случува во компаниите во моментов: од технологии и алатки кои ги користат, па сѐ до проблеми кои ги решаваат. Ова е нешто што ги ориентира и фокусира студентите во вистинската насока уште од самиот старт.

Дали, како професор, повеќе препорачуваш теорија или практична настава?
Практичноста е убава работа затоа што се гледа примената во реалноста, но истото без здрава теоретска основа – нема да има ги издржи земјотресите и предизвиците на реалноста. Поради тоа сметам дека теоретска основа мора да постои (тоа не значи напамет учење на дефиниции, туку воведување и познавање на основната терминологија и значење) која ќе ги ориентира подобро студентите во предизвиците кои ќе треба да ги решаваат во иднина и соодветно да ги користат сите алатки кои ги имаат на располагање денес (асистенти, генеративни модели, пребарувачи, литература и сл.).

Според тебе, како факултетот го поддржува развојот на иновативни идеи кај студентите?
Блискоста на индустријата им помага да разберат што е важно во секојдневието и кои се проблемите и предизвиците. Така се насочени во кој правец да размислуваат, да решаваат проблеми, и да иновираат.
Кои релевантни вештини треба да ги поседува секој студент?
Да размислуваат критички и низ призма на решавање на проблеми, да се креативни, да се технолошки писмени, комуникативни и отворени за соработка, да се проактивни, флексибилни и истрајни.

Кои се твоите впечатоци од работата и посветеноста на студентите?
Изненадена сум од процентот на исклучиво посветени студенти, кој за разлика од други средини каде имам предавано е доста повисок. 30тина проценти од студентите се навистина активно вклучени и посветени на учењето, активни во наставата, поставуваат прашања, што прави да целата средина има одлична атмосфера за напредок и раст. Ова прави да се бутнат и студентите кои се дефокусирани на моменти имаат добра основа, поддршка и засилување да продолжат посилно и помотивирано напред.