„Секој втор оглас за работа, бара претходно работно искуство…како јас кој само што го имам завршено образованието да имам работно искуство, кога последните години ги имам поминато во учење?“;
„Почетна позиција, а бараат 3 до 6 години искуство? Како точно е ова почетно ниво?“;
„Дури 60% од огласите за „почетни“ работни позиции во софтверската индустрија на LinkedIn бараат повеќе од 3 години искуство“
Ова се само дел од коментарите на младите поврзани со проблемите на пазарот на трудот, во оној момент кога ќе почнат да бараат работа. Реални, предизвикувачки и ограничувачки, овие проблеми не само што ги демотивираат младите туку во целост можат да го променат текот на нивната кариера, па наместо да почнат да работат во сферата во која го завршиле обраозванието, тие почнуваат да работат на работни позиции кои не им се ниту по струка, а ниту по желба.
Без конкретни мерки за да се премости овој јаз, несвесно се создаваат генерации и генерации на млади кои ќе бидат несреќни, нереализирани и разочарани.
Наша цел како групација Бреинстер е токму спротивното, да создадеме генерации и генерации на млади кои ќе се среќни, реализирани и исполнети, и најважно – кои ќе создаваат, менуваат и поместуваат граници врз база на своето знаење и вештини кои се во тек со најсовремените трендови и побарувања на пазарот на трудот, и тоа не само на домашната туку и на глобалната сцена.
Како стигнавме до 100% вработување преку практична едукација и подготовка за реалниот свет?
Brainster Next College промовира нов тип на образовен модел, кој не се базира само на теорија, туку на решавање реални задачи, работа во компании во тек на студии и индивидуална кариерна поддршка. Со структуриран пристап до практично учење, индивидуален менторинг и тим за вработување, стотици студенти ја работат својата работа од соништата, а дел од нив уште за време на студирањето. Па така, со гордост можеме да соопштиме дека знаењето и вештините на Бреинстер Некст Колеџот 100% гарантираат вработување, бидејќи 100% од нашите дипломирани студенти се веќе со работен ангажман.
Но што поседуваат нашите студенти што ги прави конкурентни на пазарот на трудот?

1. Практично решавање проблеми
Што бараат работодавачите: Способност за брзо и ефикасно решавање на реални работни предизвици.
Како Brainster Next го развива тоа: Студентите решаваат реални задачи делегирани од компаниите со кои соработуваме, учествуваат во хакатони и создават проекти за компании кои се реално применливи. Нашите студенти до сега работеле на повеќе од 300 проекти преку нашата партнерска мрежа која брои повеќе од 200 домашни и меѓународни компании и стартапи. Дополнително, секој предмет вклучува активности кои се насочени кои решавање на проблеми.

2. Тимска работа и соработка
Што бараат работодавачите: Вештини за работа во тим, вклучување во различни динамики и работни средини.
Како Brainster Next го развива тоа: На напредните летни пракси, студентите имаат можност да работат во тимови за некоја од компаниите кои се во нашата мрежа. Во своите тимови тие работат со јасно поделени улоги, а целта е самите да се организираат и да стигнат до иновативно решение. И најважно: да работат на реални проекти и да градат тимски дух.

3. Технички вештини и дигитална писменост
Што бараат работодавачите: Употреба на вештачка интелигенција, современи алатки, аналитика или кодирање зависно од професијата.
Како Brainster Next го развива тоа: Сите програми (ИТ, дизајн, маркетинг) вклучуваат обука во алатки и сет од технологии кои се користат во реалниот свет: студенти учат како да користат вештачка интелигенција, да создаваат апликации од нула, платформи за автоматизација, UX алатки, или CRM системи, со конкретни примери кои се употребуваат во секојдневието.

4. Преземање иницијатива и прилагодување
Што бараат работодавачите: Способност да се прилагодиш на промени, нови алатки и новонастанати околности без да чекаш упатства.
Како Brainster Next го развива тоа: Во секој курс се менуваат алатките, методите и форматите и студентите се охрабруваат да преземаат иницијативи, да предлагат решенија и дури да започнат свои мини-проекти.

5. Комуникациски вештини
Што бараат работодавачите: Јасна, уверлива и соодветна комуникација, усно и писмено, особено при презентации и работа во тим.
Како Brainster Next го развива тоа: Секој студент учествува во презентации, реализира задачи во групи и пред професори, компании и реални клиенти го презентира проектот кој самиот го изработил. Исто така, се учи како професионално да се комуницира преку електронска пошта, LinkedIn и како да се однесува на интервју за работа – и сето тоа се работи и учи со менторска поддршка.
Brainster Next го докажа својот модел преку резултатите. 100% од дипломираните студенти на нашите програми се со работен ангажман. Со овој образовен модел, младите не само што добиваат знаења и вештини, туку и вистинска поддршка и подготовка за реалниот пазар на трудот, што им овозможува самодоверба и конкурентност уште од првиот ден на нивната кариера. Нашата мисија е да ја трансформираме традиционалната слика за образованието и вработувањето, создавајќи генерации на професионалци кои не се плашат од предизвиците, туку ги користат како можност за раст и успех.