Во изминатите два месеци, студентите од насоката Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College работеа на реален проект со вистинско општествено значење — новата веб-страница за КТП Идризово.
Проектот беше изработен како дел од предметот „Имплементација на решение“, каде студентите имаа можност да го применат знаењето од факултет во реален систем кој ќе го користат институции, граѓани и семејства.



Новото решение носи две важни промени:
Онлајн закажување посети
За прв пат, процесот на закажување посети е дигитализиран и поедноставен, со цел полесна комуникација и подобро корисничко искуство.
Фокус на ресоцијализација
Веб-страницата нуди јавен и транспарентен преглед на активностите наменети за затворениците, со посебен акцент на ресоцијализација и поддршка во процесот на реинтеграција.
Со овој проект, студентите уште еднаш покажаа дека практичното образование може да создаде реална вредност — не само за компаниите, туку и за институциите и општеството.
На Brainster Next College не се учи само теорија. Студентите работат на реални проекти, решаваат вистински предизвици и градат портфолио уште додека студираат.
Честитки до сите студенти кои работеа на проектот!



Ако сакаш да дознаеш како изгледа студирање на современ факултет дома, оваа сабота, 13.06, те чекаме во нашите простории на Отворен ден на Brainster Next College.
Пријави се тука — местата се ограничени.
Преостануваат уште последни места за упис на Brainster Next College.