Отворен е конкурсот за упис на Brainster Next College за академската 2026/2027 година – Студирај дома, како во странство — на првиот практичен факултет во Македонија

Share

Brainster Next College го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година.

Идните студенти можат да аплицираат на една од трите акредитирани студиски програми:

Софтверско инженерство и иновации

Графички и UX/UI дизајн

Дигитален маркетинг

Оваа година официјално уписниот рок се отвора во рамки на општествено одговорната кампања „Студирај ДОМА, како во странство“ — кампања која има една јасна цел: да покаже дека младите во Македонија заслужуваат високо образование по светски стандарди, без да мора да ја напуштат земјата.

Во време кога сè повеќе млади размислуваат за студии во странство, Brainster Next College инвестира во практични програми, индустриски партнерства, меѓународни соработки и колаборации и нов технолошки кампус во центарот на градот — простор во кој студентите ќе сакаат да останат, да учат, да работат, да креираат и да иновираат.

Новиот кампус, на површина од над 1000 м², ќе биде современ простор за практично образование, опкружен со партнер-компании, реални проекти, ментори, коворкинг средина и можности за професионален развој.

Факултет каде не студираш само за диплома, туку за кариера

Brainster Next College е првиот практичен факултет во Македонија каде студентите не дипломираат само со акредитирана диплома, туку и со реално портфолио, практично работно искуство и професионална мрежа.

Тоа значи дека студентите уште за време на студиите работат на вистински проекти, со вистински компании и решаваат реални предизвици од индустријата.

Резултатот од овој пристап веќе е видлив:

100% од студентите од првата генерација се вработија во првите 6 месеци по дипломирањето.

Ова е доказ дека практичното образование не е само поинаков начин на студирање. Тоа е директна подготовка за пазарот на труд.

Уникатен финансиски модел: „Студирај сега, плаќај по вработувањето“

Brainster Next College нуди повеќе опции за плаќање на годишната школарина, меѓу кои и уникатниот модел:

„Студирај сега, плаќај по вработувањето“

Овој модел им овозможува на студентите да студираат за 0 денари во текот на студиите и да започнат со отплата на школарината на бескаматни рати дури по дипломирањето или по вработувањето.

Со ова, Brainster Next College им овозможува на матурантите и младите луѓе да се запишат на додипломски студии без финансиско оптоварување за време на студирањето.

Овој концепт не се базира само на минати оценки, резултати од средно образование или државна матура. Напротив, фокусот е ставен на потенцијалот на кандидатот — неговите компетенции, способности, афинитети, мотивација и желба да постигне повеќе.

Загарантирано вработување и пракса

Brainster Next College е 100% сигурен во квалитетот на своето образование. Затоа, на студентите им нуди поддршка и гаранција за вработување по завршувањето на студиите.

Во текот на студирањето, студентите:

работат на реални проекти со партнер-компании,

посетуваат летни пракси,

развиваат продукти со вистински импакт,

создаваат портфолио уште додека студираат,

се поврзуваат со професионалци од индустријата,

и добиваат поддршка од Student Success тимот.

Целта е јасна: студентите да не излезат од факултет само со диплома, туку со искуство, самодоверба и јасен следен чекор кон кариера.

Brainster Next како дел од меѓународната заедница и светот

Од декември 2025 година, Brainster Next стана единствената полноправна членка од Македонија во EURASHE. Европската мрежа на практично високо образование која опфаќа повеќе од 550 универзитети за применети науки и други практични високообразовни институции низ Европа и пошироко.

– Секоја полноправна членка на EURASHE веќе има поминато строга проверка на квалитетот на практичното високо образование што овозможува полесно склучување на договори за студентска размена со најдобрите практични високообразовни институции од Европа.

– Можности за мастер студии на водечки европски практични високообразовни институции: голем дел од членките на EURASHE нудат мастер програми со силна практична ориентација. Членството ни отвора можности за директен упис за нашите дипломирани студенти на овие програми. 

– Заеднички EU проекти: со другите членки на EURASHE креираме заеднички апликации за европски грантови и проекти. Секој успешно добиен проект се претвора во инвестиција во студентското искуство на Brainster Next.

– Глас во европските образовни политики: EURASHE е консултативен член на Bologna Follow-Up Group и активно учествува во обликувањето на дискусиите за високото образование во Европа. Тоа значи дека нашите студенти студираат на институција што ја обликува иднината на високото образование.

Нашиот факултет е дел од европската мрежа за мобилност во високото образование, што на нашите студенти им отвора реални можности за студирање на партнерски универзитети во странство, признавање на освоените кредити и градење посилен меѓународен академски профил. Како дел од универзитети со кои имаме потпишано партнерства се:

1. SINGIDUNUM University, Србија 

2. International Black Sea University, Грузија 

3. University of Split, Хрватска

4. University of Dunaújváros, Унгарија 

5. University of Oradea, Романија

6. Vilnius Business College, Литванија

7. Mus Alparslan University, Турција

8. Algebra University, Хрватска

9. Vilniaus Kolegija, Литванија

10. Technical University of Košice, Faculty of Arts, Словачка

Што значи да студираш на првиот практичен факултет во Македонија?

Brainster Next College не е класичен факултет.

Тука студирањето не се сведува само на предавања, скрипти и испити. Тука студентите учат преку работа, менторство, проекти и реални предизвици.

Реални проекти

Студентите работат на проекти преку кои го применуваат знаењето во пракса и градат портфолио уште за време на студиите.

Професори како ментори

Професорите се искусни експерти од индустријата, кои не само што предаваат, туку ги насочуваат студентите во нивниот професионален развој.

Student Success тим

Студентите добиваат континуирана поддршка, насоки и менторство во текот на студиите, со цел да напредуваат академски и професионално.

Тим за партнерства

Тим кој работи на стратешки партнерства со индустријата со цел обезбедување на пракса, помош при вработување и работа на реални проекти кај најдобрите локални и глобални компании.

Практична програма

Програмите се креирани според реалните потреби на пазарот на труд и се фокусирани на вештини што компаниите навистина ги бараат.

Мали групи

Студирањето во мали групи овозможува повеќе индивидуално внимание, подобра комуникација со професорите и поактивно учество во наставата.

Образование за 2040, не за 1940 година

Светот на работата брзо се менува. Компаниите бараат луѓе кои знаат да размислуваат, да креираат, да користат технологија, да решаваат проблеми и да работат на реални проекти.

Затоа Brainster Next College создава модел на образование кој не ги подготвува студентите само за диплома, туку за работа, кариера и иднина.

Студирај дома, како во странство.

Студирај практично.

Студирај на Brainster Next College.

Конкурсот за упис за академската 2026/2027 година е отворен.

Направи го првиот чекори кон твојата иднина и започни процес на упис тука.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!