Портфолио на Сара Киселовска – Од идеја до финален продукт, додека сè уште студира

Share

Сара Киселовска е трета година на UX/UI и графички дизајн. Нејзиното портфолио е резултат на континуирана работа, истражување и систематско поминување низ целиот UX/UI процес.

Додека студира, работи на реални брендови, веб-решенија и прототипи кои ја обликуваат како дизајнер со структуриран пристап.

Како највозбудлив проект го издвојува редизајнот на Smidgin веб-страната.

-Редизајнот на Smidgin веб-страната, работа на реален бренд, од истражување и концепт до финален продукт подготвен за употреба, вели Сара.

Овој проект значел целосна вклученост во процесот: анализа на брендот, дефинирање концепт, дизајнирање интерфејс и финализација на решение што е подготвено за реална употреба. Токму ваквите проекти ја зајакнуваат сигурноста во носење дизајнерски одлуки.

Најмногу научила од проектот по Прототипирање во втора година.

-За време на проектот по Прототипирање во втора година, првпат го поминав целиот UX/UI процес: од идеја и истражување до финален веб дизајн, објаснува таа.

Поминатиот процес ѝ овозможил да го разбере значењето на истражувањето, корисничките потреби и структурирањето на интерфејсот. Од почетна идеја до финален дизајн, секој чекор станува дел од професионалната логика.

Кога зборува за тоа како Next ја подготвил за реални предизвици, Сара не издвојува една конкретна вештина.

-Не би издвоила една вештина, туку целиот процес – од техничката подготовка до размената на идеи, тимската работа и средината што поттикнува професионален раст, заклучува Сара.

Токму оваа комбинација од техничка основа, комуникација и тимска динамика создава средина во која дизајнерите растат побрзо и посигурно.

Секој проект претставува ново истражување и нов чекор во нејзиниот професионален развој.

Начинот на кој размислува Сара, работи со реални брендови и ги структурира своите решенија, покажува дизајнер што веќе поставува професионални стандарди.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!