Уште една меѓународна потврда: Студентите на Brainster Next со сертификати од Oracle Academy

Share

Brainster Next официјално стана член на Oracle Academy, глобалната филантропска едукативна програма на Oracle. Oracle е еден од водечките светски провајдери на cloud computing услуги и бизнис софтвер. Ова членство е уште една значајна меѓународна потврда дека нашата визија за практично, современо и индустриски релевантно образование не е само ветување — туку стандард што го препознаваат светските лидери.

Што е Oracle Academy?
Oracle Academy ја продолжува посветеноста на Oracle кон образованието, која трае повеќе од 25 години и е дел од наследството на компанијата. Таа е отворена за академски институции и нивните едукатори кои сакаат да го унапредат технолошкото образование, вештините, иновациите и инклузијата кај студентите. Членството нуди бесплатни ресурси за настава и учење — вклучувајќи курикулуми, cloud технологии, софтвер, професионален развој и можности за сертификација — кои им помагаат на студентите да развијат клучни знаења, практична работа и вештини релевантни за кариера.

Студентите не можат самостојно да аплицираат за членство во Oracle Academy. Членството е наменето исклучиво за образовни институции и едукатори. Преку ваквото институционално членство, студентите индиректно добиваат пристап до наставните програми, алатките и ресурсите на Oracle Academy, како дел од своето формално образование.

Со кои технологии работи Oracle Academy?


Oracle Academy ги користи водечките решенија на Oracle, фокусирајќи се на јазици и технологии кои се широко користени на пазарот, како што се:

  • Java и SQL
  • APEX за развој на апликации
  • Oracle Cloud Infrastructure
  • Вештачка интелигенција (AI)
  • Machine Learning
  • Data Analytics

Ова значи дека учењето не е само теоретско — туку е фокусирано на практично искуство и примена, токму она што го бара пазарот.

Што значи ова за студентите на Brainster Next?
Со приклучувањето кон Oracle Academy, Brainster Next дополнително ја зацврстува својата мисија: студентите да дипломираат подготвени за кариера, а не само со диплома.

Нашите студенти добиваат:

  • пристап до глобално признати алатки и технологии,
  • практично искуство за време на студиите,
  • наставни содржини усогласени со реалните потреби на индустријата,
  • конкурентска предност на домашниот и меѓународниот пазар на труд.

Oracle Academy сертификати за студентите


Од оваа година, Brainster Next има можност да адаптира 2 предмети според целосните курсеви и технологии на Oracle Academy. Студентите кои успешно ќе ги положат предвидените испити ќе добијат Oracle Academy Certificates of Completion — официјална потврда дека стекнале знаење и практични вештини според стандардите на еден од водечките cloud провајдери во светот.

Зошто ова е важно токму сега?
Во ера во која за јуниорите ќе биде сè потешко да се вработат, конкурентни ќе бидат оние кои имаат:

  • работно портфолио,
  • практично искуство,
  • реални проекти,
  • и признанија што индустријата ги препознава.

Затоа уписите на Brainster Next – првиот практичен факултет во Македонија се отворени!


🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!