Кога ќе го погледнете портфолиото на Кристијан Кралевски, тешко е да поверувате дека станува збор за студент на трета година. Проекти во продукција. Machine Learning системи. Реални клиенти. Лични иницијативи.
Кристијан е на трета година на Софтверско инженерство и иновации, но паралелно гради портфолио што изгледа како резултат на неколкугодишно професионално искуство.
Но, како започна да се гради неговото портфолио?
Секој студент има момент кога теоријата првпат станува нешто што навистина функционира. За Кристијан, тоа беше Founder Games.

–Платформата која ја креиравме за Founder Games беше мојот прв проект во кој, заедно со тимот, работевме на решение што беше пуштено во продукција, објаснува Кристијан.
Овој проект значеше реални корисници, реални барања и реална одговорност за квалитетот на решението.
Еден од проектите од кои најмногу научил е поврзан со Machine Learning и анализа на фудбалски податоци.
Со помош на Machine Learning тракирав статистики од фудбалски натпревари во Македонската лига. Преку предметот Machine Learning во втора година, со практични вежби и менторство од проф. Бојан Јакимовски, теоријата ја претворив во функционален систем, вели тој.

Од лабораториска вежба до систем што анализира реални податоци. Од формули до алгоритми што носат вредност. Ова е моментот кога инженерството почнува да има тежина.
За Кристијан, Next значи континуирана работа на проекти, менторска поддршка и примена на модерни технологии уште за време на студиите.
-Преку практична работа на реални проекти, силна менторска поддршка и фокус на модерни технологии. Предавањата и лабораториските вежби не беа само теорија, туку директна подготовка за вистинска работа, заклучува Кристијан.

Комбинацијата од практична работа, менторство и современи технологии значи дека студентите не чекаат диплома за да станат подготвени. Тие веќе се подготвени.
Надвор од факултетот, Кристијан развива и лични иницијативи што му овозможуваат да експериментира со технологии, да решава реални проблеми и да гради уште подлабоко техничко искуство.
Затоа неговото портфолио не е список на задолжителни проекти, туку динамичен процес.
Покрај академските проекти, Кристијан има работено и на:
Creatiosa – Frontend Developer
Daysline – Fullstack Developer
Resume Target – Frontend Developer
Triwer – Frontend Developer
Различни улоги, различни проекти и различни одговорности. Заедничко е тоа што на секој од нив настапува со пристап и дисциплина на професионален инженер.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships