Наталија Николовска е студентка на втора година по UX/UI и графички дизајн, но нејзиното портфолио покажува нешто повеќе од академски прогрес. Покажува сигурност, систематичност и способност да изгради целосно визуелно решение, од концепт до финална апликација.
Додека студира во рамки на нејзините студии, таа веќе работи на проекти што бараат одговорност, истражување и јасна креативна насока.
За Наталија, еден проект има посебно место во нејзиното портфолио.
-Највозбудлив проект ми беше Ministry of Second Hand, затоа што тоа беше прв поголем проект на кој работев и имав можност да го покажам своето знаење на повисоко ниво, објаснува таа.
Овој проект ѝ овозможил да работи пообемно, да носи одлуки за визуелен правец и да изгради решение што функционира како целина, а не само како изолиран дизајн.
Дизајнот не е само естетика. Тој е структура, логика и стратегија. Токму тоа го добила преку проектите Limitless и Tranquil.
-Limitless и Tranquil ми покажаа што значи да изградиш бренд од нула и да размислуваш за секој детаљ. Добриот дизајн не е само убав, туку и практичен, вели Наталија.

Работата со бренд од почеток значи истражување, дефинирање визуелен јазик, типографија, боја, апликација и конзистентност. Тоа е процес што гради дизајнерска зрелост.
Покрај техничкото знаење, Наталија истакнува дека најголемата трансформација се случила во нејзината сигурност и комуникација.
-На Next ја зајакнав самодовербата во презентирање, комуникација и тимска работа. Денес креирам дизајни со реално значење и конструктивната критика ја гледам како можност за раст, заклучува таа.
Способноста да се брани концепт, да се аргументира одлука и да се прифати повратна информација е клучна за секој дизајнер што сака да работи професионално.
Покрај споменатите проекти, Наталија има работено и на:
- Metro Wear
- Брошура за Македонска филхармонија
- Che
- Outlearn

Различни индустрии, различни визуелни пристапи и различни типови на комуникација. Секој проект додава нов слој во нејзиното портфолио.
Наталија е на втора година. Но начинот на кој пристапува кон проекти, истражување и презентација покажува дизајнер кој веќе размислува како професионалец.
А нејзиното портфолио продолжува да расте со секој нов предизвик.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships