Студирањето не треба да заврши само со положени испити и диплома, туку со знаење што се применува, искуство што се препознава и подготвеност за реалниот свет на работа.
Токму ова беше заедничкиот заклучок на основачот на Brainster, Петар Ниновски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши кои во просториите на законодавниот дом разговараа за иднината на младите, во рамки на официјалното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Brainster Next и Собранието.
Оваа соработка отвора ново поглавје во практичното високо образование и носи конкретни можности за студентите на Brainster Next, овозможувајќи им уште за време на студиите активно да се вклучат во реалните институционални процеси на Собранието.

Што добиваат студентите со овој Меморандум?
Програми за практикантство
Студентите на Brainster Next ќе имаат можност да стекнат практично искуство во рамки на собраниската служба, работејќи во реална работна средина и под менторство на стручни лица. Праксата во Собранието подразбира директно вклучување во секојдневните процеси на една од најзначајните институции во државата.
Работа на реални проекти од јавен интерес
Наместо симулации и измислени задачи, студентите ќе бидат вклучени во развој и имплементација на реални проекти и решенија, во координација со Собранието — проекти со вистинска општествена вредност и јасна практична примена.

Гостински предавања и едукативни сесии
Преку гостински предавања и заеднички едукативни активности, вработени од Собранието ќе бидат дел од наставниот процес. Студентите ќе учат директно од практичари со искуство во јавната администрација, е-управувањето и институционалното функционирање.
Хакатони и решавање институционални предизвици
Студентите ќе учествуваат во хакатони и натпревари организирани од Brainster Next, каде во тимови ќе работат на конкретни предизвици поврзани со јавниот сектор, дигитализацијата и општествените процеси, со јасна задача и реален фидбек од институциите.

Студентите на Brainster Next и досега покажаа дека знаат да одговорат на вакви предизвици.
Тие ги победија студентите на ФИНКИ и Семос на хакатонот „Дигитален мост“ со софтверско решение за транскрипција на седници на Собранието, а дипломската работа на Костадин Веселинов претставува уште еден конкретен резултат од овој пристап — дигитално решение кое ќе го поедностави секојдневното работење на собраниските служби преку поефикасно управување со конференциските сали и закажувањето на состаноци.
На овој начин, студентите на Brainster Next не излегуваат од образовниот процес само со диплома, туку со реално работно искуство, проекти со институционална примена и професионално портфолио што зборува само за себе.

Довербата што Собранието на Република Македонија ја дава токму на студентите на Next е уште една потврда дека применетото образование создава подготвени, компетентни и млади професионалци на кои можат да им се доверат сериозни и одговорни проекти.
🎓 Уписниот рок за академската 2026/2027 е во тек, останати се уште 13 слободни места.
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонална поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.