Да – дипломските задачи не се PowerPoint презентација. Студент од Brainster Next изгради апликација што ќе ја користи Собранието на Македонија

Share

Кога образованието е практично, дипломската станува решение — не формалност. Во Brainster Next, од прв час студентите работат на реални проекти и решаваат реални проблеми. Само така денес се гради компетентност што веднаш се применува. И да, денес само така се гради дипломец со компетенции да биде вработлив.

Доказ дека само практично образование функционира? Дипломска задача што прерасна во дигитална алатка за поедноставување на работењето на Собранието на Република Македонија.

Костадин Веселинов, студент на Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, за да дипломира со месеци креираше дигитално решение наменето за подобро управување со конференциските сали и закажување на состаноците во Собранието на Република Македонија.

„Станува збор за апликација со која се решава проблемот за полесно менаџирање и управување со конференциските сали и состаноците што се одржуваат во нив. Со апликацијата ќе се олесни секојдневното работење“, објаснува Костадин Веселинов.

Апликацијата е развиена во директна соработка со вработените во Собранието и одговара на нивните реални, секојдневни потреби. Процесот вклучуваше разбирање на сложени институционални процедури, работа со постоечки системи и нивна интеграција во функционално дигитално решение.

„Ми беше предизвик, а малку и страв, дали ќе стигнам на време. Најтешко беше разбирањето на барањата на вработените во Собранието на Република Македонија, бидејќи имаат доста сложени процеси, како и она што тие точно го бараат, за потоа да го претворам во код и апликација. Најголемото искуство е тоа што работев со системи кои претходно ги немав видено, како и интеграцијата со нивните постоечки системи“, вели тој.

Вработените во Собранието ја оценија неговата работа како високо професионална, особено начинот на кој го решава предизвикот за поефикасно менаџирање со салите.

„Без оглед на тоа што е студент, се гледа дека неговото образование е навистина квалитетно и дека му дало доволна подлога да изготви речиси професионална апликација. Понатамошното работење ќе му донесе искуство кое ќе го подигне неговото работење на уште повисоко ниво. Знаењето е базата, а дополнето со искуство во една ваква институција, сметам дека ќе создаде еден добар професионалец“, објаснува Тања Данаиловска од Секторот за информатички и комуникациски технологии.

Тие беа и пријатно изненадени од тоа колку Костадин добро ја познава работата на Собранието.

„Бевме сведоци на една одлична презентација и на едно многу практично решение кое ќе ја олесни работата на Парламентот, но пред сè на службите во Собранието. Ова решение нуди можност за резервирање и организирање на работата во салите во Парламентот, кои ги имаме во по-голям број. Апликацијата ќе ни овозможи полесно да функционираме и да имаме тек на работите без премногу бирократизација“, вели Бобан Стојаноски, заменик генерален секретар на Собранието.

Апликацијата на Костадин не е првиот проект што студентите на Brainster Next го реализирале за Собранието. Претходно, студентите на Next победија на „Дигитален мост – Собраниски хакатон“, во конкуренција со тимови од ФИНКИ. Ова уште еднаш го потврди моделот на практично образование што се применува на Brainster Next — учење преку реални проекти, работа под притисок како во реална работна средина и директна комуникација со институции и компании.

Студентите на Brainster Next не дипломираат само со диплома, туку со реално работно искуство и богато професионално портфолио. Собранието на Република Македонија е уште една во низата државни институции кои довербата за дигитализација ја дадоа токму на студентите на Next, што е уште еден доказ дека применетото образование создава подготвени, компетентни и млади професионалци на кои можат да им се доверат големи проекти.


Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!