Како размислуваат средношколците кои ги освоија првите 1.000.000 денари на натпреварот Средношколец милионер?
Кои совети би им го дале на своите врсници?
Дали би прифатиле да ги менторираат средношколците кои ќе се натпреваруваат следната година?
Дали е можно еден натпревар да им го отвори патот кон претприемништвото и градењето на успешен бизнис?
Овие прашања им ги поставивме на Иван, Јован и Марио кои ги освоија гласовите на инвеститорите, но и јавноста со својата победничка идеја Систем 4.

За почеток ги запрашавме дали постои нешто што би смениле во врска со нивната идеја?
Иван Секуловски: АИ автоматизацијата постепено се менува со текот на времето, затоа што АИ алатките стануваат подобри и подобри и еволуираат и се појавуваат нови, а со тоа ние мораме да се прилагодиме на нив. Токму затоа мора да се менува и идејата, исто како што се мениваат алатките.
Што друго, освен 1.000.000 денари добивте од овој натпревар?
Јован Талевски: Овој натпревар беше прекрасно искуство, запознавме многу добри луѓе кои постигнале голем успех и наши врсниците кои се потрудија да создадат нови идеи. Покрај дружењето кое траеше два дена, запознавањето, комуницирањето, сето тоа беше едно прекрасно искуство и тоа не само за тие два дена колку што траеше полуфиналето и финалето, туку целиот тек на натпреварот и секако собирањето на гласови. Сето тоа беше едно големо искуство за тоа како бизнисот би работел во реалниот свет.
Иван Секуловски: Од аспект на нашиот карактер, овој натпревар не нѐ промени, но секако дека во бизнис светот ние се прилагодуваме на новите работи, отворени сме за совети од менторите и од сите луѓе кои беа тука да нѐ насочат на вистинскиот пат. Тие навистина направија добра работа во тој дел бидејќи нѐ насочија на добро место.

Какво значење има овој натпревар за вас?
Јован Талевски: Овој натпревар е отскочна даска и одличен почеток, како и забрзување на процесот на развивање на нашата идеја која постоеше уште пред да се организира натпреварот. Затоа овој натпревар ние го гледаме како можност да ја претставиме идејата пред светот за да имаме подобар и полесен почеток. Откако победивме на овој натпревар сите беа воодушевени, нашите блиски, родини и пријатели. 5 минути откако нè прогласија за победници, мојот телефон имаше премногу нотификации, премногу луѓе се обидуваа да ѕвнат истовремено. Реакциите беа прекрасни. Сите нѐ пречекаа во нашите училишта и домови со насмевки и беа радосни дека победивме и се врати вербата дека навистина може да се победи на вакви натпревари, дека има фер работи во светот и овој натпревар е доказ дека за тоа.
Дали имаше уште некоја идеја која заслужуваше милион? Кој ви беше фаворит?
Иван Секуловски: За мене лично, мој фаворит беа Next Step Finance. Покрај тоа што имаа одлична идеја која беше апликација насочена да учи младите како да управуваат со финансиите. Но и покрај тоа што идејата им беше одлична, нивната комуникација беше исто така одлична, тие беа отворени за пријателства, комуникативни и насмеани цело време. Имавме позитивна интеракција со нив и тоа ми остави најдобар впечаток. Сигурен сум дека доколку продолжат да работат на нивната идеја, ќе успеат.

Следната година повторно ќе се организира натпреварот Средношколец милионер, што би ги советувале средношклците? Како уште од сега да започнат да се подготвуваат? Кои би биле вашите совети како победници?
Марио Рабаџиевски: Да се пријават што е можно повеќе средношколци, бидејќи овој натпревар првенствено е големо искуство и можат да научат многу работи.
Иван Секуловски: Да се собере тим во кој секој би имал своја улога со која може да придонесе за развој на идејата. Напорно да работат и да се вложат 100% во натпреварот. Ако се пријават колку само да се пријават, нема шанси да успеат, треба да се вложи многу напор и работа.
Јован Талевски: Сакам да ги советувам 3 работи. Прво: Кога се пријавуваат да се свесни дека се пријавуваат за да го освојат милионот. Второ: Да сфатат дека покрај милионот ќе стекнат огромно искуство, ќе комуницираат со луѓе кои кои постигнале многу во животот. И трето, тимовите меѓу себе да бидат пријателски настроени, бидејќи и после натпреварот може да има некаква интеракција меѓу нив и затоа е важно да бидат комуникативни и пријателски настроени и покрај тоа што се конкуренција во самиот натпревар.
Дали би дошле следна година да им помогнете на средношколците кои ќе се натпреваруваат?
Иван Секуловски Ние ова го дискутирваме меѓу себе и многу би биле радосни да дојдеме како волонтери и да им помагаме на натпреварувачите.

Годинава, натпреварот Средношколец милионер прерасна во национална платформа за бизнис идеи на младите, каде што повеќе од 1.500 средношколци од сите средни училишта во Македонија учествуваа со вкупно 438 бизнис идеи. Младите докажаа дека не се пасивни набљудувачи, туку активни креатори на иднината со нивните идеи и визии.
Прочитајте како си поминавме на полуфиналето и финалето тука.
Победничката идејата на Иван, Јован и Марио е автоматизиран систем со вештачка интелигенција кој идентификува илјадници ресторани и хотели во одредена локација, ги анализира предизвиците со кои се соочуваат и автоматски им испраќа персонализирана е-пошта со јасно посочен проблем и конкретно решение.
Системот нуди три АИ решенија: чатбот, АИ асистент за веб-страници и АИ телефонски агент, насочени кон подобрување на комуникацијата со клиентите, оптимизација на процесите и зголемување на ефикасноста кај луксузните хотелиерски и ресторански бизниси.
Токму јасната примена, скалабилноста и фокусот на реални пазарни потреби ја направија оваа идеја победничка, носејќи ѝ ја главната награда од 1.000.000 денари на натпреварот Средношколец милионер, организиран од Brainster Next факултетот и NU академијата за талентирани средношколци.
Родителите на Иван, Јован и Марио сметаат дека натпреварот бил одлична можност за талентираните средношколци. Сите тројца во моментов се посветени на учење бидејќу е перод на оценување, но исто така имаат поддршка од родителите за да ја реализираат и надоградат идејата.
-Сметам дека треба да работат на идејата и да го реализираат она што го имаат замислено и во други сектори како што и самите спомнаа. Имаат капацитет но и поддршка и од менторите, вели Кире, таткото на Марио Рабаџиевски.
-Не верував дека кај нас е возможен ваков натпревар и поддршка на младите. Ги следев идеите од самиот почеток, ги имав прочитано сите 50 идеи кои влегоа во потесен круг и сите беа многу добри, не ни помислив дека нашите средношколци ќе го освојат милионот, споделува со нас мајката на Иван, Сузана Секуловска.

Иван, Јован и Марио иако учат во различни средни училишта, тие се другари кои целото слободно време го поминуваат заедно, тоа, според Јосиф, таткото на Јован Талевски е дополнителна причина што се толку добар тим.
-Постојано се заедно кога имаат слобдно време. Функционираат одлично и како другари и како тим. А тоа се виде и на полуфиналето и на финалето. Јас имав можност да присуствувам на настаните наменети за родителите кои дојдоа да ги поддржат средношколците на натпреварот и сум пријатно изненаден и од организацијата но и од самата работа и на Next факултетот и на NU академитте за средношколци и се одлична можност и за нашите деца за а го надоградат знаењето, вели Јосиф.
Покрај победничката идеја Систем 4, инвеститорите препознаа потенцијал и во уште една идеја, на тимот Академија Разлика и нивниот производ Памет Пакет, во кои ќе се вложи дополнително знаење, менторство и финансиска поддршка.
Натпреварот продолжува и следната година, повторно отворајќи можност за сите средношколци да се натпреваруваат за 1.000.000 денари, но уште поважно, да стекнат практично искуство, самодоверба и знаења што остануваат многу подолго од самиот натпревар.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships