Diners Club Macedonia стана првата франшиза на Diners Club International која создава своја картичка дизајнирана од студенти.
Што ако имаш само 48 часа за да направиш дизајн и маркетинг стратегија за реален клиент?
Тоа беше предизвикот што студентите од Brainster Next College и NU High School Academy го прифатија на првиот Diners Club Hackathon Weekend.

48 часа, без пауза со идеја што направи историја.
Во само еден викенд, студентите работеа во тимови и создаваа решенија кои ги спојуваат дизајнот, маркетингот и стратегијата.
Од истражување на конкуренција, развој на концепт, до визуелен идентитет и промотивни материјали, нивните идеи беа вистинскo oсвежување за бренд со повеќе од 75 години традиција.
Финалниот момент беше голем: тимовите ги презентираа своите решенија директно пред претставниците на Diners Club Macedonia, меѓу кои и Тони Јанковски, Product Development and Innovation, кој изјави:
„Решивме да соработуваме со Brainster Next и NU Академиите затоа што веруваме во студентите и нивниот потенцијал. Ова е уште една шанса да се докажат и да направат реален импакт на пазарот.“

Победниците — новите дизајнери на Diners Club картичката 🏆
По интензивниот хакатон, Diners Club Macedonia го избра победничкиот тим, студентите чии идеи ќе станат дел од новата Diners Club картичка за млади.
Тимот освои вредносен ваучер од Diners Macedonia, а сите останати учесници добија подарок ваучери од Sport M како благодарност за нивниот труд и креативност.
Но тоа не е крајот.
Како што откри Весна Терзиевска, Sales Director на Diners Club Macedonia, оваа соработка допрва почнува:
„Ова ни е прва ваква соработка и се надевам дека нема да биде последна. Ќе продолжиме да работиме со студентите и следната година. Diners International се воодушевени од дизајнот и кампањата.“
Со овој проект, Diners Club Macedonia стана првата франшиза во светот која создава своја Diners Club картичка дизајнирана од студенти.
„Излеговме од рамките на зададеното. Студентите донесоа нова енергија, свежина и идеи,“ – додаде Терзиевска.
Победничкиот тим ќе продолжи да соработува со маркетинг агенцијата и Diners Club на финалното лансирање на новата картичка, која ќе ја видиме наскоро!

Новата генерација што го менува правилото на игра 🎯
„Јас мислам дека добивме многу добра шанса со тоа што работевме за Diners Club и за ваков проект. Горд сум на нашето решение и сите сме среќни дека ќе можеме да продолжиме да работиме на стратегијата за ваков клиент како Diners Club,“ – Јордан Јосифов, дел од победничкиот тим и студент на програмата UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College.
Овој хакатон покажа што значи вистинско практично образование:
да имаш клиент, рок, притисок и тим и да создадеш нешто реално.
Diners Club доби нова перспектива, а студентите сосема ново професионално искуство
Овој проект е и доказ дека иднината на брендови со традиција може да ја дизајнираат оние што штотуку започнуваат своја.