Дали некогаш сте се запрашале која е крајната цел на студирањето? Зошто запишуваме факултет? Зошто поминуваме години и години во едукација и стекнување вештини?
Реалниот одговор е дека крајната цел на запишувањето факултет, студирањето години и години е да стекнеме знаења и вештини со кои ќе се вработиме. И тоа да се вработиме во рамки на струката која сме ја изучувале.
Ако сме студирале медицина, крајната цел на студирањето е да работиме како доктор. Ако сме студирале право, да бидеме адвокат, обвинител или судија. Ако сме студирале графички дизајн да работиме како дизајнери. Но реалноста е дека сите ние познаваме голем број на млади па и возрасни кои работат работа поразлична од онаа која ја завршиле на факултет.

И за жал, првата препрека која ја добиваме на патот кон успешна кариера во струката, се случува веднаш штом ќе завршиме факултет. Огласите за работа се креирани за сите освен за почетници и причината е само една: компаниите бараат искуство. Бараат искуство и од почетниците.
Токму затоа, Brainster Next, како високообразовна институција одлучи да вложува во практичното искуство на своите студенти, уште од првиот ден на нивните студии. Работењето на реални проекти, со директна соработка со некоја од мрежата на повеќе од 200 компании. Целта е студентите да стекнат практични вештини кои ќе им помогнат веднаш да се вработат откако ќе ги завршат студиите. И тоа во областа во која ги завршиле студиите. Ние создаваме почетници со искуство. А почетниците со искуство многу полесно се вработуваат и го пронаоѓаат своето место во индустријата. Ова ни го потврди и праксата, бидејќи 100% од студентите кои ги завршија студиите на Brainster Next се во работен ангажман.
Но, со големите поместувања и сѐ поголемата улога на вештачката интелигенција во индустријата, реално е да си го поставиме прашањето: Дали и покрај искуството кое би го стекнале, ќе ни биде предизвик да најдеме работа поради тоа што вештачката интелигенција може да ни го земе работното место?
Ние од Brainster Next на овој предизвик одговараме вака: Само почетниот без искуство може да биде загрозен од конкуренцијата. А само почетникот со искуство и со познавање на вештачката интелигенција не треба да се плаши дека, AI може да го замени.
Затоа изборот на факултет денес не е прашање само на диплома, туку на иднина. Brainster Next College е високообразовна институција што не ве остава сами да ја барате вашата прва шанса, туку ја создава заедно со вас и тоа уште додека студирате. Вработува, а не само образува.
Кога ќе излезете од Next, иако почетници, вие сте професионалци со искуство кои во текот на студиите учат како да ја применуваат вештачката интелигенција, кои веќе знаат што значи да работат на реални предизвици и со вистински компании. И токму затоа, не ја добива вештачката интелигенција вашата позиција, туку вие.

Brainster Next им дава на студентите алатки и искуство за да бидат чекор пред машините, особено во насоките каде иднината се пишува секој ден: софтервско инженерство и иновации и UI/UX графички дизајн.
Затоа што ако AI може да извршува задачи, вие ќе бидете тие што ќе ги креираат, дизајнираат и подобруваат.
И токму тука е суштината:
– Диплома без искуство е хартија.
– Диплома со искуство е професија.
– А диплома со искуство и познавање на вештачката интелигенција обезбедува иднина и сигурна позиција.
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонална поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.