Секој родител сака за своето дете сигурен пат, факултет кој ќе му обезбеди знаење, стабилност и иднина. Но, што ако најдобрите можности се онаму каде што повеќето не се навикнати да ги бараат, за разлика од оние со визија и верба кои сакаат да се впуштат во нешто ново, поразлично и поиновативно?
Така размислуваше и Жанета Јорданова, мајка на Кире, студент од првата генерација запишани на Brainster Next College кој сега е дел од тимот на Brainster. Наместо да се држи до „проверениот“ пат, таа избра да му даде поддршка за посмел чекор, факултет кој од првиот ден нуди практично искуство, работа на реални проекти и директна поврзаност со индустријата.
Жанета вели дека денес Кире е мотивиран и цврсто самоуверен млад професионалец. За време на студиите, тој искусил дека она што Brainster Next го нуди – го испорачува: работел на реални проекти, креирал веб-страници, развивал UX/UI дизајн и учествувал во тимски задачи за клиенти како Cineplexx. Според неа, овие искуства не само што ги надградија неговите технички вештини, туку ја зголемија и самодовербата, дисциплината и способноста да презема одговорност, квалитети кои денес му овозможуваат да биде дел од тимот на Brainster, место кое студирајќи, учејќи и работејќи започна да го чувствува како свое.
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонализирана поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.
Гледајќи го Кире како расте, се развива и се вработува уште пред дипломирањето, Жанета денес со сигурност вели дека тоа била вистинската одлука.
Нејзиниот совет до другите родители е едноставен: „Информирајте се, погледнете го Brainster Next одблизу и дајте им шанса на вашите деца. Понекогаш најдобрата одлука е да верувате во нивниот потенцијал и да им овозможите да учат на место што ги инспирира.

Како првпат дознавте за Brainster Next и што Ве мотивираше да го поддржите Кире да се запише?
За Brainster Next дознав преку социјалните мрежи, токму во периодот кога се отвораше факултетот, а тогаш и Кире требаше да се запише на факултет, каква случајност нели? Веднаш ми го привлече вниманието, изгледаше како нешто ново, поинакво од класичниот образовен систем. Ми се допадна пристапот, програмата и самата визија за тоа како би се образувале студентите кои би се запишале. Ми делуваше како идеална прилика која не се пропушта.
Секако, како нов факултет, за некои можеби изгледаше како ризик или барем како нешто непознато. Но ние одлучивме да не судиме однапред, туку да се информираме подетално. Присуствувавме на Oтворен ден, имавме информативна средба и добивме можност лично да запознаеме дел од тимот и менторите. Тоа беше пресудно, тогаш на нас, како родителни, ни стана јасно дека Brainster Next има визија, вредности и енергија која ни делуваше вистинска за нашиот син.
Од нас имаше целосна поддршка да се запише на овој факултет, да направи посмел чекор, да го избегне стандардното школување и да избере нешто ново што ветува двојно повеќе, но сепак одлуката на крајот беше негова. Тој одлучи да се запише, и денес, гледајќи го колку напредува, колку е мотивиран и исполнет, можам со сигурност да кажам дека го направи вистинскиот избор. Ние како родители сме среќни и горди што уште од самиот почеток му дадовме поддршка и насока кон вистинскиот пат.
Како би го опишале Кире како студент и како, според вас, тој се разви во текот на студиите?
Кире отсекогаш бил љубопитен, истраен и креативен, а како студент во Brainster Next сите тие квалитети само уште повеќе се изразија. Од самиот почеток пристапи кон студиите со голема мотивација и желба да извлече максимум од секој предмет и проект. Во текот на студиите го гледавме како постепено расте се стекнува со знаења, вештини, самодоверба, организација и тимска работа. Научи како да се справува со предизвици, да ги гледа проблемите како можности и да го претвора учењето во практични резултати.
Денес, гледајќи го Кире, можам да кажам дека е зрел, одговорен и подготвен за професионалниот свет. Brainster Next му овозможи средина каде што неговата љубопитност и креативност можеа да се развиваат, а тој го искористи тоа на најдобар можен начин. Како родители, горди сме што го гледаме како од студент прераснува во млад професионалец со јасна насока и силна желба за напредок.

Кое искуство или проект на Кире како студент на Brainster Next најмногу ве импресионираше?
Се сеќавам уште од самиот почеток, веднаш почнаа да создаваат сопствени веб-страници и работеа на реални проекти. Ме импресионираше и она што Кире го изработуваше, но и самата програма, затоа што она што беше ветено, навистина се учеше и применуваше.
Ми остана во сеќавање и предметот UX/UI, каде што требаше да изработат целосен дизајн. Бев позитивно изненадена од тоа колку време и труд Кире вложи, и колку и тој самиот, а и професорот, беа горди и задоволни од резултатот.
Знам и дека големо внимание посвети на предметот Сајбер безбедност, каде што исто така покажа сериозни резултати и посветеност. Се разбира, посебно се истакнуваат и завршните, реални проекти кои ги имаа на крајот на секоја година, работеа за Cineplexx и слични клиенти: вистински предизвици кои ги работеа во тимска работа, со голема одговорност и креативност.
Дали забележавте некои промени кај Кире поврзани со неговата самодоверба, знаење или професионални навики?
Да, промените се видливи, но треба да напоменам дека Кире и пред факултетот имаше добра основа во сите овие работи. Она што го направи Brainster Next е тоа што му помогна да ја надгради таа основа и да ја претвори во конкретни, применливи вештини.
Стана уште посамоуверен во тоа што го работи – слободно се вклучува, предлага идеи и не се плаши да преземе одговорност. Во знаење, напредокот е очигледен – ги прошири техничките вештини, и го усоврши начинот на размислување кој му овозможува да пристапува кон предизвици со план и решенија.
Во професионалните навики, најмногу ме радува дисциплината и одговорноста што ја покажува. Научи да работи со рокови, да соработува ефикасно во тим и да се снаоѓа во динамична средина. Сега го гледам како некој што не само што е подготвен да се вклучи во работен процес, туку и да придонесе вредно во него, а верувам дека тоа веќе го прави на неговото ново работно место во Brainster.
Горда сум на сите промени што ги имаше во овој период – сите беа позитивни и во вистинска насока.

Како реагиравте кога дознавте дека Кире ќе биде дел од Brainster тимот?
Искрено, чувството беше мешавина од радост, гордост и олеснување. Радост – затоа што знаевме дека ќе работи во средина што ја познава и сака, со луѓе кои веќе го инспирирале во текот на студиите. Гордост – затоа што неговата посветеност и трудот што ги вложи во изминативе години беа препознаени и наградени со можност да биде дел од еден таков тим. Имаше и чувство на олеснување, затоа што видовме дека сите часови, проекти и предизвици на факултетот навистина го подготвија за ова. Затоа што сега е во вистинска работна средина, меѓу луѓе што знаат да го насочат, да му дадат поддршка и да му помогнат да расте уште повеќе. И луѓе кои знаат дека овозможиле висококвалитетно образование со кое подготвиле еден млад професионалец да придонесува за растот на нивната институција.
Како родители, немаше поголема потврда дека сме го поддржале вистинскиот пат, од тоа да го видиме Кире како од студент прераснува во колега и рамноправен член на Brainster тимот.
Што би им порачале на родителите што се двоумат дали да ги поддржат своите деца да студираат на Brainster Next како прв практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство?
Би им порачала да го погледнат Brainster Next одблизу, да се информираат и сами да видат што го прави различен од традиционалните факултети. Разбирам дека секој родител сака безбедна и проверена насока за своето дете, но понекогаш вистинските можности се токму во новото и поразличното.
Ова е факултет каде што студентите не само што учат теорија, туку од првиот ден ја применуваат во пракса со голема менторска и студентска поддршка. Овде се развиваат професионални навики, креативност и самодоверба, а тоа се вештини што ќе им служат цел живот.
Од моето искуство со Кире, можам да кажам дека поддршката за ваков избор вреди повеќе од што мислевме на почетокот. Го гледам како расте секој ден, како станува посамостоен, посигурен и подготвен за професионалниот свет. Затоа, мој совет е – дајте им шанса. Понекогаш најдобрата одлука е да верувате во нивниот потенцијал и да им овозможите да учат на место што ги инспирира.
Доколку сега е вашиот момент да донесете одлука за студиите на Вашето дете: Последниот уписен рок на Brainster Next – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство е отворен!
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонализирана поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.