Дали студиите во странство сè уште се најдобрата опција за младите во Македонија?

Share

Во изминатите две децении, студирањето во странство стана синоним за поквалитетно образование, подобри услови и поголеми можности за напредок. Младите бараа современа настава со релевантни вештини, поголеми можности за вработување, самостојност, личен развој и градење мрежа на контакти.

Како одговор на овие потреби, пред десет години Brainster креираше модел на неформално образование кој целосно одговара на барањата на пазарот на труд. Денес 13% од вработените во Македонија во ИТ индустријата се наши алумни. 

Ова лето дипломира првата генерација на студенти од Brainster Next College, првиот практичен акредитиран факултет за дизајн и софтверско инженерство, од кои 100% од нив добија работен ангажман. 

Остваривме и уште една голема победа. Нашиот модел на образование се прошири со првата франшиза во Словенија. Особено е важно што првата продадена франшиза за NU High School Academy за талентирани средношколци е продадена во Словенија. Податоците покажуваат дека секоја година околу 10% од студентите од Македонија заминуваат на студии во странство, што е приближно 5.000 млади луѓе годишно. Словенија е една од најчестите дестинации, со над 5.200 запишани македонски студенти во последните пет години. (Извори: Meta.mk, A1on.mk, SamoPrasaj.mk).


Ако си амбициoзна, креативна и иновативна личност АПЛИЦИРАЈ ЗА ВЛЕЗ НА ЛИСТАТА НА ЧЕКАЊЕ за првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско Инженерство кој те подготвува за високоплатени идни професии и бизнис.


Додека значителен број студенти ја бираат Словенија како земја за студирање, Словенија одбира да го практикува нашиот модел за образование. Ова е голема победа и значаен чекор кон исполнување на нашата мисија — Brainster да ја направи Македонија препознатлива по квалитетно и иновативно образование.

Кој е образовниот модел кој веќе го бараат странските универзитети од нас?

Поради овие причини создадовме образовен модел кој не само што ќе ги подготви младите за пазарот на труд, туку ќе ги мотивира да останат, да градат кариера и живот тука, во Македонија. Она што до вчера беше ексклузивна предност на универзитетите во странство, како: практична настава, тесна поврзаност со индустријата, менторство од експерти и фокус на вработување, денес е достапно и кај нас.

Еве три причини зошто дома можеш да изградиш поцврста кариера, да добиеш поквалитетна едукација, да стекнеш релевантни конекции и да се позиционираш за иднината, подобро отколку надвор од земјата.

Градење заедница  –  Во Brainster Next College се гради заедница составена од амбициозни студенти, експерти од индустријата и визионерски локални и интернационални компании и стартапи, обединети околу една цел: да создадат иновации кои ќе ја истакнат Македонија на глобалниот пазар. 

Учење на високоплатени вештини – Наставната програма е целосно усогласена со барањата на денешниот и утрешниот пазар на труд: вештачка интелигенција, претприемништво, иновации, комуникација, критичко размислување и меки вештини.

Сите студенти учат преку реално искуство и решавање на конкретни предизвици од компании. Студентите не само што презентираат пред професорите, туку и пред реални клиенти од индустријата. Вештините што ги стекнуваат со практично учење се веднаш применливи во реални работни средини.

100% вработување по дипломирање – Првата генерација на дипломци веќе започна со работен ангажман, благодарение на нашиот модел на практична настава, менторска поддршка и активна соработка со 200+ партнерски компании. Ние сме центар не само за образование, туку и за вработување.
Во време кога најголемиот предизвик на младите е да најдат релевантна работа, нашата визија е јасна: отсега, единствената цел на факултетите и главна задача мора да биде – вработување.

Дали навистина вреди да се замине во странство кога истиот квалитет на образование, модерен пристап и сигурни можности за кариера можеш да ги добиеш дома? Во минатото, студирањето надвор беше речиси единствена опција за врвно образование и искуство, но денес Brainster Next College нуди современ образовен модел кој ги исполнува највисоките стандарди и е целосно ориентиран кон пазарот на труд.

Студентите тука учат преку работа на реални проекти, развиваат практични вештини и стекнуваат менторство од професионалци, што ги прави подготвени за сигурно вработување веднаш по дипломирањето. Ова значи дека истото квалитетно образование што го бараш во странство, можеш да го добиеш дома, со дополнителната предност да градиш кариера без да го напуштиш својот дом и со јасна насока кон успех.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!