Во овој блог пост ви го пренесуваме разговорот со Јелена Ѓорѓев, професорка на Brainster Next College, чија експертиза се простира од програмирање со 15-годишно искуство како full-stack девелопер, па сѐ до академски истражувања како докторант по blockchain и одржливи финансии.
Студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации имаат привилегија да учат од нејзиното богато практично знаење – студентите од втора година го посетуваат нејзиниот предмет Веб 3.0, додека оние од трета година предметот Дистрибуирани системи и блокчејн.
Јелена ги сподели своите видувања за иновативниот пристап на Brainster Next во образованието, ставајќи посебен акцент на практичната настава и подготовката на студентите за предизвиците на иднината. Таа исто така ги истакнува и начините на кои факултетот го поттикнува развојот на иновативни идеи кај студентите и ги сподели своите импресии за нивната посветеност и желба за напредок.

Што го издвојува Brainster Next колеџот од другите факултети?
Brainster Next е модерен, флексибилен и ориентиран кон реалниот свет. Наместо да се држиме до застарени академски шаблони, тука студентите учат преку работа на реални проекти, во динамична и поттикнувачка средина.
Дали, како професор, повеќе препорачуваш теорија или практична настава?
Практична, дефинитивно. Теоријата е основа, но без практика нема вистинско знаење. Студентот учи кога ќе проба, ќе погреши и ќе најде решение.
Како факултетот го поддржува развојот на иновативни идеи кај студентите?
Преку проекти, хакатони, соработка со индустријата и постојано охрабрување да размислуваат критички и креативно. Студентите не се третираат само како слушатели, туку како идни креатори на решенија.
Кои релевантни вештини треба да ги поседува секој студент?
Критичко размислување, решавање проблеми, комуникациски вештини, тимска работа и секако – способност за брзо учење и адаптација. Технологијата се менува постојано и флексибилноста е клуч.
Кои се твоите впечатоци од работата и посветеноста на студентите?
Импресионирана сум. Студентите се гладни за знаење, ангажирани и покажуваат сериозна желба да станат експерти во својата област. Секој ден ме инспирираат со нивната енергија и идеи.