На моите предавања не поминува час да не спомнам како се работи во фирма – Ива Корженска, професорка на Brainster Next College

Share

Ива Корженска е професорка на Brainster Next College, чие име се поврзува со соработка со гиганти како Tesla, Ford и Volvo, како и со PSA Singapore Port. Со импресивни 13 години искуство во областа, Ива својата работа ја доживува како континуиран извор на предизвици кои ја мотивираат.

Нејзината експертиза е особено изразена во работата со комплексни производни системи за автомобилската индустрија и е-трговијата, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Студентите од студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College имаат можност да го следат нејзиниот предмет „Евалуација и тестирање на корисничко искуство“. Предметот се заснова на суштинска пракса која ги учи студентите како континуирано да ги тестираат и подобруваат дигиталните продукти, што е клучен фактор за зголемување на ангажманот на корисниците и долгорочниот успех на бизнисите.

Во интервјуто со професорката Ива Корженска разговаравме за уникатните предности на Brainster Next College, при што таа ги истакна отворената комуникација помеѓу студентите и професорите и фокусот на практичната настава како клучни елементи. Се осврнавме и на начините на кои факултетот ја поддржува иновативноста кај студентите, како и на нејзините позитивни впечатоци за нивната работа и посветеност.

Што го издвојува Brainster Next од другите факултети?

Она што ме воодушевува кај Brainster Next е праксата на отворена и редовна комуникација помеѓу студентите, професорите и студентските координатори. Оваа култура на однесување им дава огромен простор на студентите целосно да се пронајдат во доменот што го одбрале, а воедно сметам дека ги охрабрува да знаат како и да можат да комуницираат утре со било кого, без да имаат „страв од авторитети“.
Покрај тоа, втората голема предност на Brainster Next, според мене, е подготовката за работа што ја добиваат студентите преку практичната настава. Би рекла дека односот е приближно 30% теорија со 70% практична работа. На моите предавања не поминува час да не спомнам како се работи во фирма или да не им посочам дека практичните задачи што моментално ги работиме наликуваат на реалните кои би ги правеле утре на работа.

Дали, како професор, повеќе препорачуваш теорија или практична настава?

Практичната работа е исклучително важна и неминовно е постојано да се применува. На тој начин побрзо се напредува и се добива поголема самодоверба во процесот, отколку само да се ослониме на теорија. Но, не можеме да ја издвоиме теоријата од практичната работа и да кажеме дека теоријата е непотребна или неважна. Едноставно, кога се учи нешто, особено за првпат, мора да се научат основите и да се навлезе повеќе во филозофијата на материјата за да се оформат сопствени начини на размислување и пракси за работа. Дигиталниот дизајн и UX се полиња кои имаат исклучително брз развој, па постојана примена и експериментирање со нови процеси и алатки е секако добредојдено. Сепак, теоријата се применува преку алатките и преку неа се постигнуваат цели, па така, поткованоста со теоретско знаење мора да постои за секој кој сака да расте и да придонесува во полето.

Според тебе, како факултетот го поддржува развојот на иновативни идеи кај студентите?

Brainster Next ја поддржува иновативноста кај студентите на различни начини: од опции за учество во редовни хакатони, понуди за соработка на вистински проекти во склоп на Brainster или пак со партнерите, до поттикнување на размислувања преку дискусии, предлози и идеи за креирање сопствен продукт. Од мојот досегашен впечаток за Brainster Next, откако сум соработник, а пред тоа како некој однадвор, можам да кажам дека еден од приоритетите е да создадат млади и храбри луѓе кои не се плашат да размислуваат на свој начин и постојано да креираат.

Кои релевантни вештини треба да ги поседува секој студент?

Сметам дека сите млади пред сѐ треба да имаат желба да постигнат нешто поголемо и да бидат отворени за личен и професионален раст. Според мене, овие две „вештини“ се клучни за еден студент на Brainster Next. Но, дури и млади кои на почеток не го чувствуваат тоа, мислам дека во средина каква што е Brainster Next може да доживеат вистинска трансформација.

Кои се твоите впечатоци од работата и посветеноста на студентите?

Можам веднаш да кажам дека студентите на кои им предавав „Евалуација и тестирање на корисничко искуство“ се многу интелигентни и љубопитни млади луѓе. Она што ми беше особено драго беше нивната посветеност на практичните задачи и нивото на критичко размислување кое го покажаа. Ми остави впечаток како некои студенти навлегоа подлабоко во материјалот и дури зборувавме колку ги привлекол предметот и се пронашле во него. Второ, ме импресионираше неодамнешниот испит на кој имаа можност да направат целосна студија и анализа на еден продукт, а потоа да го презентираат онака како што би го направиле тоа утре во компанија. Сметам дека секој студент во генерацијата има голем капацитет, но мислам дека и ние како професори треба да најдеме начин како од секого да го извлечеме максимумот, така што посветеноста и работата зависат делумно и од нас професорите.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!