Како да станeш успешен UX/UI дизајнер!

Спремивме пет совети што може да ти помогнат ако сакаш да оствариш кариера на полето на UX/UI дизајнот!
5-soveti-za-UX/UI-dizajneri | Graficki i UX/UI dizajn | Brainster Next College
Share

Дали знаеш кој всушност одлучува како визуелно ќе изгледа една веб-страница или апликација? Кој одбира каква комбинација на бои, дизајни или типографија ќе треба да употреби за една веб-страница да изгледа доволно привлечно и click-able? Кој се грижи да имаш супер позитивно искуство како корисник на апликацијата или страницата? Тоа е работа на UX и UI дизајнерите. 

UX (user experience) – дизајнерите се грижат за тоа какво ќе биде искуството на корисниците додека го употребуваат финалниот продукт (пример: веб-страница). Нивните обврски се состојат во: истражување на маркетинг пазарот, развивање на wireframe, тестирање прототипи, истражување за корисниците, правење стратегии за продуктите и слично.

UI (user interface) – дизајнерите се фокусираат на изгледот на  на веб-страниците, апликациите – продуктите, како тие изгледаат, нивниот распоред и слично. Тие внимаваат на распоредот на елементите на страницата, изборот на бои, бирањето на фонт, типографијата, дизајните, анимацијата и друго.

Доколку ова е твоето поле на интерес и сакаш да се усовршиш како професионален UX/UI дизајнер, Brainster Next College го има вистинскиот избор за тебе. Ние имаме академска насока чиј главен фокус е на примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии. Станува збор за тригодишни студии каде студентите се надоградуваат во полето на дизајнот не само преку теорија, туку и преку практична работа. 

Во продолжение можеш да прочиташ 5 совети што може да ти помогнат ако сакаш да оствариш кариера на полето на UX/UI дизајнот!

Распореди ги елементите!

Содржината сликите и другите UI компоненти треба да бидат организирани во лесно разбирлив и прегледен распоред. Распоредувањето на релевантните содржини и елементи во нивна близина е еден од најлесните начини да додадеш континуитет во организацијата на распоредот на дизајнот на твојот интерфејс.

Стави приоритет на корисничкото искуство! 

Корисничкото искуство треба да биде примарно во твојот процес на дизајнирање. Креирај дизајни кои се лесни за разбирање, навигација и користење. Земи ги предвид елементите како хиерархија на информациите, јасно означување и интуитивна навигација. Спроведи тест за употребливост за да ги идентификуваш сите точки кои не ти се допаѓаат или не одговараат и соодветно повтори го твојот дизајн.


Ако сакаш да оствариш кариера во полето на UX/UI дизајнот, ние ја имаме најуникатната студиска програма во регионот. Аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College, има само 6 места!


Користи контраст!

Со користењето на различни стилови и бои, ти можеш да направиш хиерархија на информации, правејќи го искуството полесно за корисниците да ја разгледаат и разберат твојата содржина. На пример, користењето на болдирани и големи фонтови за наслови може да го привлече вниманието до саканата информација, а посветол и помал фонт за останатиот дел од текстот. Со тоа, се создава континуитетот во читањето.

Користи соодветни формати!

UI дизајните треба да бидат оптимизирани не само за веб-формати, туку и за таблет и мобилни формати исто така. Без оглед колку добро UI дизајнот изгледа во веб-формат, неправилното форматирање за уредите може да го попречи UX дизајнот и на мобилниот телефон и на таблетот. Зумирање и скролање за да се пристапи до навигацискиот бар или за да се прочитаат одредени делови од содржината, е неприфатливо во UI дизајнот. Осигурај се дека го користиш правилниот формат за UI дизајнот за сите видови уреди и дека дизајнот е оптимизиран за различни екрански димензии.

Во дизајнот вклучи и екфективни Call-to-Actions (CTAs):

Call to action елементите се клучни за да ги водат корисниците кон нивните посакувани акции. CTAs треба да бидат упадливи, визуелно привлечни и описни. Користи изрази кои ќе може да се поврзат со повикот за акција кои водат кон посакуваниот исход. Дополнително, употребувај и контрастни бои кои би направиле CTA да се истакне и да бидат лесни и примамливи за кликови. 

Патот до твојата успешна кариера ќе биде многу полесен доколку ги примениш овие неколку совети. Но, секако ова е само мал дел од мозаикот и иако не лесно, изучувањето на оваа област е многу интересно. Потребно е и редовно да работиш на имлементација на нови идеи, да соработуваш со колегите и да се трудиш твојот производ да биде најдобрата презентација за тебе и твојот клиент.


Ако сакаш да оствариш кариера во полето на UX/UI дизајнот, ние ја имаме најуникатната студиска програма во регионот. Аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College, има само 6 места!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!