Brainster Next факултетот победи на натпреварот огранизиран во Собранието на Република Македонија, откако студентите направија најдобра апликација за подобра и поефективна работа на вработените во законодавниот дом. Во конкуренција на ФИНКИ и Семос Академија, студентите на Brainster Next факултетот покажаа најголемо знаење и креативност, со што поставија нови стандарди.
„Од прв момент бев убеден дека студентите на Brainster Next факултетот се најдобри, а ми требаше само потврда на натпревар со другите факултети за да можеме да го потврдиме квалитетот. На овој натпревар се виде дека сме друга категорија. Горд сум на сето она што студентите заедно со своите ментори го реализираа“, вели Петар Ниновски, СEO на Brainster и основач на Brainster Next факултетот, за победата.
На настанот „Дигитален мост – Собраниски хакатон“ студентите имаа два дена за развој на апликацијата и еден за презентација. Искуството од претходните натпревари (хакатони) на кои учествуваа, беше клучно за успехот во градењето на апликацијата и победата.
Студентите од додипломските програми по „Софтверско инженерство и иновации“ и „UX/UI и графички дизајн“ преку практично учење и менторирање од искусни ИТ-професионалци создадоа корисна апликација, која ќе го збогати нивното портфолио, кое веќе вклучува неколку хакатони и пракси во партнерските компании на Brainster и Brainster Next факултетот.
“Многу сум горд на успехот на нашите студенти особено што беше во конкуренција со студенти на ФИНКИ и уште еден образовен центар. Имајќи предвид дека хакатоните се интегрален дел од практичната едукативна методологија што ја имплементираме на Brainster Next факултетот, знаев дека студентите веќе се навикнати на работа под притисок и кратки рокови и мило ми е дека понуденото решение базирано вештачка интелигенција и иновативен пристап ќе ја олесни работата на собраниските служби, а воедно и ќе ја доближи работата на Собранието до пошироката јавност“, вели Александар Клашниновски, CEO на Brainster Next факултетот.
Brainster Next факултетот преку практично учење создава вработливи студенти, идни лидери и професионалци и ќе помага на повеќе државни институции со цел поддршка при нивната дигитална трансформација.