Студентите на Brainster Next College, во соработка со нивните професори и експертите од Brainster, направија значаен чекор кон трансформација на образованието во Македонија со развојот на нов AI агент – Умниверзум (umniverzum.com).
Умниверзум е потполно бесплатен AI тутор по математика е дизајниран да им помогне на средношколците да го подобрат своето знаење и оценки преку практична подготовка за тестови, развој на математички вештини, разбирање на задачите преку детални објаснувања и ефикасна помош при домашните задачи.

Замисли факултет каде што работиш на AI продукти додека студираш…
Brainster Next College се издвојува со своите единствени студиски програми каде вештачката интелигенција не се учи само теоретски, туку преку интензивна практична примена. Овој пристап им овозможува на студентите уште за време на студиите директно да се соочат со реалните предизвици од работната средина и да се подготват за иднината, работејќи под менторство на професори и индустриски експерти со повеќе од 10 години искуство во својата област.

„Работата на Умниверзум беше неверојатно искуство – создадовме AI алатка што реално им помага на ученици и ни покажа колку е моќна и трансформативна AI кога ќе се стави во вистинска насока. Благодарна сум што имав можност да учам и создавам под менторство на луѓе кои веруваа во нас и не поттикнуваа да сонуваме големо – и да оствариме“. – Ангела Апостоловска, студентка на студиската програма Софтверско инженерство и иновации.
Ваквиот начин на работа придонесува кон континуирано градење на професионалното портфолио на студентите со конкретни проекти и решенија уште пред да дипломираат. Умниверзум е одличен пример и директен резултат на оваа иновативна методологија на учење. Овој AI тутор по математика за средношколци е сведоштво за знаењето и вештините кои нашите студенти ги стекнуваат преку активно учество во реални проекти, под стручно водство на искусни ментори и професори, што ги подготвува за успешни кариери.

„Темпото на индустријата последниве години диктира нови стандарди и за оние што работат, но и за оние што сè уште учат. Зголемените очекувања од работната сила што ги наметнува индустријата полека се пренесуваат и во образованието. И самиот јас како професор веќе поставувам повисоки стандарди на задачи каде е дозволена употреба на вештачка интелигенција (AI) бидејќи модерниот свет не простува просечност и бара повеќе знаење и повеќе адаптибилност, од сите нас. Верувам дека образованието мора да се прилагоди на оваа нова AI-реалност што брзо станува норма па затоа го создадовме Умниверзум, AI-тутор кој на секој ученик му нуди персонализирана поддршка во учењето математика. Особено ми е драго што еден студент веќе не треба да е супер богат за да има личен ментор, Умниверзум е достапен 24/7 и тоа сосема бесплатно“. – Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College.

„Целта ни е да му помогнеме на образовниот систем во Македонија преку иновативен, достапен и интерактивен пристап до знаењето. Умниверзум го доживувам како чекор напред кон поефикасно и современо учење и алатка која ќе стане секојдневие кај сите кои ја сакаат математиката“. – Ѓорги Јаневски, професор на Brainster Next College

Решавање на клучен проблем во образованието во Македонија
Умниверзум директно одговара на еден од најголемите предизвици во образованието во Македонија – слабите резултати по математика кај средношколците. Загрижувачки се податоците од меѓународното PISA истражување за 2022 година, каде што Македонија се рангираше на ниското 61 место по математика (од вкупно 81 земја), заедно со 71 место во читање и 68 во природни науки.
Со помош на овој напреден AI тутор, средношколците ќе имаат можност значително да ги подобрат своите вештини по математика, што ќе резултира со подобри резултати и поголема самодоверба.
Умниврзум, како AI продукт со огромен импакт, јасно покажува како во Brainster Next College се спојуваат академското знаење и општествената одговорност. Се покажува дека студентите не се само идни лидери во технологијата, туку и активни граѓани кои ги користат своите вештини за да направат позитивна промена.
Доколку познавате средношколец кој сака математика или пак му е потребна помош – споделете го Умниверзум (https://umniverzum.com/) за персонализирана поддршка при учењето.