Огромен успех: Студентите на Brainster Next College создадоа AI тутор по математика кој стана дел од наставата во средното образование со одобрение од МОН!

Share

УМНИВЕРЗУМ, првиот AI тутор по математика на македонски јазик, создаден од студентите на Brainster Next, менторирани и поддржани од нивните професори, официјално е одобрен како дидактичко помагало и наставна алатка во средното образование. Министерството за образование и наука ја одобри употребата на алатката УМНИВЕРЗУМ при реализација на наставата по математика во средните училишта и истата подеднакво можат да ја користат и средношколците и наставниците.

УМНИВЕРЗУМ на средношколците им овозможува:

  • детални, чекор-по-чекор објаснувања за математички задачи,
  • да поставуваат прашања и да добиваат решенија за различни математички теми, од основи и алгебра до тригонометрија,
  • да прикачуваат фотографии од задачи (од учебник или тетратка),
  • да вежбаат преку каталози на задачи и да се подготвуваат за тестови,
  • да добиваат персонализирана аналитика и повратни информации за својот напредок, вклучувајќи и рангирање помеѓу корисниците,
  • да поставуваат прашања на македонски или албански јазик.

Како напредна AI алатка за учење, УМНИВЕРЗУМ функционира како дигитален тутор со индивидуален пристап, нудејќи поддршка која може да ја замени потребата од дополнителни часови по математика и да им помогне на учениците систематски да ги подобрат своите знаења и резултати.

Дополнително, УМНИВЕРЗУМ ги опфаќа сите типови задачи за државна матура по математика, со што им овозможува на средношколците практична и целосна подготовка за полагање на државниот испит.

Развојот на УМНИВЕРЗУМ е резултат на применетиот модел на образование на Brainster Next, каде студентите уште за време на студиите работат и создаваат реални AI продукти со конкретна општествена примена, под менторство на професори и експерти.

-Работата на УМНИВЕРЗУМ беше неверојатно искуство. Создадовме AI алатка што реално им помага на учениците и ни покажа колку е моќна и трансформативна вештачката интелигенција кога ќе се стави во вистинска насока, вели Ангела Апостоловска, студентка на студиската програма Софтверско инженерство и иновации и дел од тимот што го создаде УМНИВЕРЗУМ.

-Целта ни е да му помогнеме на образовниот систем во Македонија преку иновативен, достапен и интерактивен пристап до знаењето. УМНИВЕРЗУМ го доживувам како чекор напред кон поефикасно и современо учење и алатка која ќе стане секојдневие кај сите кои ја сакаат математиката, вели Ѓорги Јаневски, професор на Brainster Next.

-Верувам дека образованието мора да се прилагоди на новата AI-реалност која брзо станува норма. Затоа го создадовме УМНИВЕРЗУМ – AI тутор кој на секој ученик му нуди персонализирана поддршка во учењето математика. Особено ми е драго што денес ученик веќе не мора да има финансиски можности за приватен тутор, бидејќи УМНИВЕРЗУМ е достапен 24/7 и тоа целосно бесплатно, објаснува Ивица Пешовски, професор на Brainster Next.

Воведувањето на УМНИВЕРЗУМ како официјално дидактичко помагало и наставна алатка во средното образование, претставува значаен чекор кон модернизација на наставата по математика и пример како знаењето на студентите, применетата настава и институционалната поддршка можат да резултираат со алатка од реална корист за образовниот систем и за идните генерации.

Стани и ти дел од младите професионалци кои го менуваат и унапредуваат образованието во Македонија и дипломираат со работно искуство и богато портфолио.

Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!

🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!