Цветан Димитровски е трета година на Софтверско инженерство и иновации. Неговото портфолио се гради преку практична работа, летни пракси и AI решенија со реална примена.
Фокусот му е поставен: разбирање на технологијата одвнатре и примена на најдобрите практики во развојот на софтвер.
Како највозбудливо искуство ја издвојува летната пракса во Factum AI.
-Летна пракса во Factum AI: развој на Word екстензија за директна работа со AI во документи. Работевме со ботови, нивно тренирање и пишување прецизни промпти за квалитетно генерирани текстови, вели Цветан.

Работата на Word екстензија значела директна интеграција на AI алатки во секојдневна употреба. Тренирање ботови и пишување прецизни промпти бара разбирање и на технологијата и на корисничкото искуство.
Проектот од кој најмногу научил исто така е поврзан со Factum.
-Во Factum научив како функционира AI од позадина – како се доработува и прецизира промптот за да се добие точен резултат. Навистина интересно и практично искуство, објаснува тој.
Ова искуство му овозможило да разбере како малите измени во логиката или формулацијата можат да влијаат на финалниот резултат. Токму таа прецизност е клучна во AI системите.
Кога зборува за тоа како Next го подготвил за реални предизвици, Цветан ја истакнува основата.
-Самата логика за тоа што значи да си програмер и учењето на најдобрите практики во програмирањето, заклучува тој.

Разбирањето на логиката, структурата на кодот и добрите практики му дава сигурност да работи на различни технологии и типови на проекти.
Покрај AI проектите, Цветан има работено и на:
- Even Calendar
- Online shop продавница Ministry of Second Hand
- Development на React Native апликација за мобилен
- Проект за Државен завод за статистика
Различни технологии, различни домени и различни функционалности. Секој проект додава ново искуство во неговото инженерско портфолио.
Цветан е на трета година, но неговото искуство со AI, практичната работа во компанија и фокусот на добри програмерски практики покажуваат инженер кој веќе гради стабилна професионална основа. И неговото портфолио продолжува да се развива со секој нов предизвик.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships