Што ќе научиш на студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College?

Дознај како на практичен начин ќе ги научиш најбараните дизајнерски вештини и што можеш да работиш по дипломирање на UX/UI и графички дизајн.
unikatna-akreditirana-studiska-programa | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Студиската програма на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) по UX/UI и графички дизајн е единствената програма која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн. Оваа програма ќе те подготви за кариери во ИТ-индустријата или други улоги во технолошката индустрија кои вклучуваат создавање дигитални производи кои се прифатливи за корисниците и се визуелно привлечни.

Моментално на нашиот пазар нема ваков тип на практична додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области, која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие делови и која ќе понуди дипломирани студенти што ќе поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.

„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас која во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот (дизајнирање на кориснички интерфејс и искуство), Front-End програмирање, 3D моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.

Што ја прави единствена нашата програма?

Курикулумот на програмата е креиран во консултација со нашите партнери од ИТ-индустријата при што во него се вклучени голем дел од барањата на компаниите, како и најдобрите искуства од најпознатите светски универзитети во делот на графичкиот и UX/UI дизајнот.

Во прва година фокусот е даден на изучување на графичкиот дизајн што ќе опфаќа предмети и софтвери кои се адаптирани на потребите на индустријата и компаниите што вработуваат вакви кадри.

„На крајот на прва година, последниот предмет е работа на реален проект во делот на графичкиот дизајн, за реален клиент каде што се синтетизираат сите практични вештини, како и теоретски знаења добиени од предметите кои се изучуваат во прва година и истите се применуваат во реална средина. Ова ќе ги подготви студентите за работа во реални услови и веќе веднаш да бидат спремни за пракса во нашите компании партнери“, објаснува Клашниновски.

Во втора година фокусот ќе биде на предметите и софтверите кои се дел од UX/UI дизајнот и кои се изучуваат на начин и секвенца која ќе им овозможи на студентите полагање на последниот предмет од оваа година, кој слично како и во прва година, е работа на реален проект во делот на UX/UI за реален клиент во реална работна средина.

Во третата година фокусот ќе биде на изучување на Front-End програмирање што е must за сите модерни графички и UX/UI дизајнери согласно анализираните огласи за работа, потоа, изучување на анимација, 3D моделирање како и дизајн на игри, една од најперспективните професии во регионот и светот.

Применет ИТ-факултет, многу пракса

Оваа студиска програма ќе се изучува на практичен начин преку здобивање на практични вештини за работа на повеќе видови софтвери во делот на UX/UI дизајн, графички дизајн, анимација, 3D моделирање, како и изучување на Front-End прогрaмски јазици како технички вештини кои компаниите ги бараат во огласите за работа за графички и UX/UI дизајнери, не само во Македонија туку и глобално.

Во текот на прва година, покрај другите предмети, ќе научиш како да работиш во Adobe Illustrator во делот на векторска графика. Потоа, фокусот преминува на растерска графика во Adobe Photoshop, како и компјутерска подготовка на печатени и дигитални медиуми во Adobe InDesign.

„Сите овие софтвери заедно со стекнатото знаење и вештини од останатите предмети се имплементираат во предметот базиран на имплементација на реален проект кој ќе им овозможи на студентите да работаат во реална околина, со реален клиент и предизвици што ќе ги подготви веднаш по дипломирањето, па дури и пред дипломирањето да бидат подготвени да започнат со работа во компанија или пак да си формираат своја компанија“, вели Ема Кастратовиќ, академски координатор на Brainster Next College.

Во втора година ќе работиш во софтверите Figma, Figjam и ќе ги совладаш алатките за квантитативна анализа како Excel и Google Sheets, што се неопходен дел од арсеналот на вештини на еден модерен UX/UI дизајнер.

Во трета година ќе се фокусираш на Front-End програмските јазици како HTML, CSS и JavaScript што компаниите ги бараат од графичките и UX/UI дизајнерите за да можат да го сфатат целиот концепт на креирање веб-страници, апликации и други типови на софтвери за кои ќе креираат графички решенија, интерфејс и корисничко искуство. Понатаму ќе го изучуваат софверот Adobe After Effects кој е еден од водечките софтвери во делот на анимација како и соодветен софтвер за 3D моделирање.

Сите овие софтвери и вештини, исто како во прва година, покрај тоа што ќе се изучуваат практично за време на соодветните предмети, истите ќе бидат имплементирани во реални проекти на крајот на секоја година и како дел од дипломската теза што ќе ти овозможи all-round практични знаења и вештини барани на пазарот на труд. Со тоа ќе бидеш подготвен веднаш да ја запонеш твојата ИТ-кариера како графички или UX/UI дизајнери.

Што сè можеш да работиш по диломирање на студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College

UX Designer

UX дизајнерот е човек кој го разбира начинот на размислување на клиентот и дизајнира производи според неговите потреби. Неговата примарна цел е да го подобри корисничкото искуство земајќи ги предвид чувствата и ставовите на личноста која ќе го користи тој продукт. Како главни задачи кои ги има се: истражување на корисниците и конкурентите, интервјуирање и разбирање на потребите и желбите на корисниците, креирање прототипови на производи, како и развивање и тестирање на истите.

UI Designer

Додека UX дизајнерот е одговорен за целокупниот изглед и чувство на производот, UI дизајнерот е одговорен само за интерфејсот. Интерфејсот е точката каде што корисникот и продуктот се среќаваат и стапуваат во интеракција. Работата на овој тип дизајнер е да создаде интерфејс кој е лесен за користење и разбирање. Тој го постигнува тоа со импресивна комбинација на копчиња, менија, search bars и сл.

Graphic Designer

Графичките дизајнери се професионалци кои користат визуелни елементи за да комуницираат пораки, идеи или информации. Тие работат на различни медиуми, како што се дигитални или печатени, за да создадат дизајни кои се визуелно привлечни и ефективни. Севкупно, графичките дизајнери играат клучна улога во визуелното комуницирање пораки, концепти и идеи до различна публика, користејќи ги нивните креативни и технички вештини за да ги оживеат концептите на визуелно привлечен начин.

Game Developer

Можеби една од најкул професиите во денешницата. Овие професионалци се одговорни за создавање видео игри. Тие се вклучени во различни фази на производство на играта, од концептуализирање на идејата за играта до дизајнирање, програмирање, тестирање и објавување на финалниот производ. Тоа е повеќеслојна професија која ги спојува креативноста, технологијата и вештините за решавање проблеми.

Motion Designer

Анимацијата игра голема улога во создавање на трајно корисничко искуство. Додека визуелните дизајнери се одговорни за статичните елементи, motion дизајнерите се занимаваат со динамично искуство. Motion дизајнерот создава анимирани ефекти кога корисникот е во интеракција со екранот.

Front-End програмер

Front-End програмерот има една општа одговорност: да се осигура дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Тие го прават тоа преку комбинација на дизајн, технологија и програмирање за кодирање на изгледот на веб-страницата, а воедно како дел од нивните задачи е и грижата за пронаоѓање грешки и дебагирање.

Иако постојат уште голем број на професии што ќе можеш да ги работиш по дипломирањето на нашата студиска програма по UX/UI и графички дизајн, ги издвоивме овие 6 професии кои се наоѓаат на најгорните места кога станува збор за побарувачка, финансиски надоместок и возбудливост и креативност за време на работните денови во сферата на UX/UI и графичкиот дизајн.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!