1.000.000 денари за најдобрата средношколска бизнис идеја од Brainster Next и NU Академиите

Share

Замисли да имаш 16 години и да ја добиеш шансата да создадеш нешто големо. Не некаде надвор, не во далечна Силиконска долина, туку овде, во Македонија. Новата генерација наши средношколци ја добива токму оваа можност.

„Средношколец Милионер“ е најголемиот натпревар во Македонија, наменет исклучиво за средношколци од државните и приватните училишта, со една единствена цел: да се пронајдат следните млади претприемачи кои ќе иновираат, создаваат и ќе го менуваат светот.

Главната награда? 1.000.000 денари за најдобрата бизнис идеја. 

Организатори на овој револуционерен проект се NU Академиите за талентирани средношколци и Brainster Next College, првиот практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство во Македонија.
Заедно, со фокус на практично учење преку работа на реални проекти и ментори од индустријата,  NU Академиите и Brainster Next создаваат сцена каде младите не само што сонуваат, туку и учат како да ги претворат тие соништа во вистински бизниси. 

Зошто средношколци?

Како што вели основачот на Brainster Group, Петар Ниновски:

„Затоа што верувам дека претприемачкиот дух се раѓа рано. Сакам да ги поттикнеме најмладите, најхрабрите и најкреативните умови да не чекаат. Да сонуваат за повеќе, но уште поважно, да почнат да ги остваруваат уште од училишните клупи.“

Овие 1.000.000 денари не се само финансиска награда. Тие се порака:
„Веруваме во вас. Веруваме во вашите идеи. Сега е вашето време“.

Тимска работа, менторство и можност да станеш милионер уште во средно

„Средношколец Милионер“ е првиот реален бизнис предизвик на средношколците. Овде средношколците ќе научат што значи да бидеш дел од тим, како се гради доверба и како една идеја се претвора во вистински проект. Ќе добијат шанса да изградат свој персонален бренд, да се поврзат со инвеститори и да работат во реална бизнис средина уште во средно.

Но вистинскиот раст почнува кога имаш некој што верува во тебе и те води по патот што веќе го изодел.
Во рамки на натпреварот средношколците ќе учат под менторство од искусни претприемачи и професионалци, луѓе кои имаат успешни компании зад себе и знаат што значи да започнеш од нула. Ќе откријат и дека претприемништвото е trial & error процес, со многу неуспеси, но и една голема идеја што може да ти ја промени иднината.

И токму затоа, најхрабрите ќе бидат наградени.
1.000.000 денари инвестиција, без да бараме equity во твојот бизнис.
Покрај тоа, добиваат и бесплатна обука за користење на AI алатки уште во средно, за да можат да почнат да ги градат своите идеи со вештини од иднината.

Повик до сите средношколци

Ако си ученик кој сонува за сопствен бизнис, ако имаш идеја што може да промени нешто, ова е твојот момент.
Ако си родител, професор или ментор: охрабри ги твоите ученици.

Пријави се на milioner.mk или сподели ја пораката

❤️„Време е да го вратам долгот.“

Приказната зад натпреварот почнува пред 10 години.

„Во 2015, четворица луѓе што штотуку ги запознав ми дадоа 1.000.000 денари за да започнам бизнис. Драган, Пеце, Робин, Раде — ви благодарам.“

Од тие пари се родија 4 компании – Brainster, NU High School Academy, Brainster Next и AI@Work, кои денес генерираат милиони евра годишно, обучија 13.000 професионалци, создадоа 65 вработени, и реализираа над 1.000 реални проекти за компании од цел свет.

Сега, Петар вели:

„Денес е редот на мене. Време е да го ’вратам долгот’.“

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!