Во Македонија, само 57.2% од дипломираните студенти успеваат да најдат работа во првите 3 години по завршување на студиите. Во ЕУ просекот е дури 83.5%. Оваа бројка сама по себе зборува многу: Факултетот кај нас, често, не значи и кариера.
На Brainster Next College ја менуваме таа реалност. Наша цел е секој студент да стекне практично искуство и високоплатени вештини уште додека студира, за по дипломирањето веднаш да може да се вработи во својата струка.
Затоа, пред да му помогнете на вашето дете во изборот на факултет, запрашајте се:
1. Дали моето дете лесно ќе најде работа по дипломирањето?
Во Brainster Next, вработувањето не е надеж, туку цел. Секој студент добива поддршка од кариерни ментори, обуки, стартап акцелератор и директно вклучување во мрежата од над 200 компании-партнери. Тоа значи дека дипломата е поткрепена со реално искуство, што претставува комбинација која води кон 100% вработување.

2. Дали ќе стекне знаења и вештини што навистина ќе му користат?
Кај нас теоријата е неразделна од праксата. Студентите уште од првиот ден работат на вистински проекти, учествуваат во хакатони и решаваат предизвици што доаѓаат од реални компании и организации. Наместо пасивно учење, Brainster Next ги охрабрува студентите активно да преземаат иницијатива за сопствениот развој преку практична работа, истражување и менторска поддршка.
3. Дали студирањето ќе биде голем финансиски товар за семејството?
Brainster Next го воведе моделот „Студирај бесплатно, плаќај по вработување“. Тоа значи дека студиите се бесплатни сè додека студентот не се вработи. А целата школарина ќе ја прати без камати, на рати откако ќе се вработи (ете толку многу веруваме во тоа дека нашите студенти по завршувањето веднаш ќе најдат работа по струка). На овој начин им се овозможува еднаква шанса на сите млади, без оглед на финансиската состојба, а ние ја преземаме одговорноста за квалитетот на образованието.

4. Дали опкружувањето ќе биде мотивирачко?
Во Brainster Next предаваат врвни професори и практичари од индустријата, луѓе кои секојдневно работат во полето што го предаваат. Дополнително, студентите се дел од заедница на најталентираните млади луѓе, селектирани преку натпревари, NU Академии и хакатони. Таквата средина не само што мотивира, туку и инспирира.
5. Ќе има ли кој да го води моето дете низ целиот процес?
Нашиот Student Success тим ја следи академската и личната благосостојба на секој студент. Тоа е тим кој се грижи студентите не само да дипломираат, туку и да созреат како професионалци и личности.
Ние од Brainster Next веруваме дека иднината на Вашето дете е и наша обврска.
Отворен е последниот уписен рок – останати се само 11 места!
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонална поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.