Преку чкртање и обичен бел лист хартија, до ремек дела вредни за нови подвизи
На 08.04.2023 (сабота) во Сули Ан се одржа финалето на Red Bull Doodle Art чкртачкиот натпревар. Станува збор за глобален натпреварувачки предизвик кој после пауза од 6 години се врати на домашно тло и обедини илјадници млади кои преку чкртање ја изразија својата уметност и креативност.
Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) заедно со Brainster (Бреинстер) се придружија како партнери на овој настан. Учесниците ја добија целата наша поддршка со цел да им ги отвориме нашите врати на креативците со организирање на чкртачки настан во живо, како и вратите на едно ново уникатно образовно патешествие и надградба.
Овој настан ни докажа дека чкртањето е навистина уметност. После 40 дена, супер ликови, позитивни вибрации, илјадници супер креативни чкрабаници и уште толку насмевки, стручното жири имаше тешка задача да ги избере трите победнички дела.
Но, конечно, ги имаме победниците! Петар, Стефан и Павел дишат во еден здив со уметноста!
Цртежите на Петар, Стефан и Павел победија на овогодинешниот чкртачки натпревар Red Bull Doodle Art.
Покрај главната награда која вклучува патување на големото финале во Амстердам, победниците ќе имаат можност да одберат помеѓу попуст за школарината на програмата по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College или пак ваучери за Академијата по UX/UI или графички дизајн на Brainster.
Петар, Стефан и Павел раскажуваат повеќе за себе, што ги мотивирало да се пријават на натпреварот и какви се нивните планови во иднина.
Она што е заедничко на сите тројца е уметноста како пасија, во центарот на нивниот универзум.
Запознајте го Петар Шулевски – прворангираниот
Петар Шулевски е добитник на првата награда, воедно тој ќе нè претставува и на националното финале во Амстердам. Како што вели за себе, тој е самоук концептуален уметник и илустратор со пасија кон дизајнирање на ликови и суштества.
Тој, како првонаграден е и нашиот национален уметник што ќе работи со артист-ментор на подобрување на делото и трансформација во НФТ уметничко дело, а неговиот победнички дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен на патики.
Запознајте го Стефан Јакимовск – второрангираниот
Втората награда отиде во рацете на Стефан Јакимовски, кој во моментов е на последипломски студии на Факултетот за ликовни уметности, но исто така работи во областа на графичкиот дизајн, фотографија и видео едитинг. Тој вели дека се пријавил на натпреварот откако негови пријатели се пријавувале во претходнитете години и му споделиле убави искуства. Така посакал да проба нешто ново и да запознае нови креативци. Како што вели тој, најголема пасија и движечко мото во животот му се уметноста и креативноста, а долгогодишно хоби му се рубиковите коцки.
Запознајте го Павел Николов – треторангираниот
Третонаградениот Павел Николов е 20 годишен студент од втора година на Факултетот за ликовни уметности, насока графика. Доаѓа од Кочани, каде што има завршено општа гимназија. Уметноста, како што вели тој е центарот на неговиот универзум од секој аспект. Кога зборува за пасија и хоби, тоа е уметност, уметност и само уметност.
Павел смета дека Академијата на Brainster би била одлична прилика и искуство за надградба и дека во следниот период ќе одлучи што ќе учи.
Инспирираме млади луѓе да го изразат и надградат својот талент
Како интернационална организација за формално и неформално квалитетно образование – Brainster Next College и Brainster, се одлучивме да бидеме партнери на овој настан бидејќи видовме одлична можност да поддржиме млади креативци во налетот на нивното дигиталното креативно изразување, со надеж дека тие ќе инспирираат други генерации да продолжат со истата страст да го надградуваат својот талент и на глобалната сцена.
Поддршката низ едукација на младите таленти секогаш била дел од нашата мисија, токму затоа и одлучивме да ги наградиме најдобрите со инвестирање во нивното образование.
Во изминативе 7 години од постоењето, Brainster го промени животот на повеќе од 12.000 студенти од 4 земји, помагајќи им преку иновативни образовни програми да направат голем чекор напред кон кариерна промена.
Нашата визија е јасна од првиот ден на нашата работа: Поддршка на дигиталната трансформација на глобално ниво и создавање на подобра иднина за многу луѓе во текот на процесот, преку нивно практично оспособување за совладување на дигиталните кариерни предизвици од 21-иот век.
Искрено се надеваме и веруваме дека на Петар, Павел и Стефан ќе им помогнеме во остварување барем на дел од нивните соништа и дека ќе отвориме многу нови поглавја заедно.
Многу среќа понатаму и храбро пловење во следните предизвици!
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!