Како да му обезбедите сигурна иднина на вашето дете? Ве покануваме на Отворен ден на Brainster Next College.

Share

Нема родител кој не го сака најдоброто за своето дете. Секојдневно се грижиме за нивната сигурност, среќа и иднина. Понекогаш, да си признаеме, сакаме дури и да ја предвидиме нивната иднина за да ги заштитиме од сите можни непријатности. Но светот се менува, а со него и начините на кои можеме да ги подготвиме нашите деца за сè што следува.

И, иако иднината не можеме да ја предвидиме, веруваме дека можеме да ја создадеме со добри, навремени и храбри одлуки во сегашноста.

А токму одлуката поврзана со образованието, особено високото образование, е една од најзначајните. Кога станува збор за високото образование, веруваме дека не се работи само за тоа да го завршиме факултетот и да добиеме диплома, туку и за средина која го обликува карактерот, го гради талентот и нѐ подготвува за живот.

Brainster Next College не нуди само класична настава, туку и практична подготовка. Овде младите учат како да решаваат реални работни предизвици. Се учи преку работа, искуство и соработка преку проекти реализирани за нашата мрежа од партнери која брои повеќе од 200 компании. Ова е и една од причните поради која нашите студенти не чекаат да се вработат по дипломирањето, туку започнуваат да работат дури и додека сè уште се студенти.

Затоа Ве покануваме да дојдете и од прва рака да се информирате за Brainster Next College, прв практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство кој го подготвува Вашето дете за реалниот свет. Факултет на кој Министерството за образование и наука му даде доверба и чиј тим на студенти веќе ги дигитализираa државните институции.

Brainster Next веќе создаде генерација млади професионалци кои се исполнети, самоуверени и најважно- со работен ангажман.


– На талентираните деца не им треба традиционален факултет со класична настава фокусиран на теорија. Им треба практичен факултет како Brainster Next. Давид си го пронајде своето место на факултет уште првиот ден како студент. А денес како вработен, ја сака атмосферата и не се чувствува дека работи туку дека придонесува, искрено објаснува Весна Петковска, мајка на Давид, наш дипломец кој денес е дел од тимот на Brainster Next

Отворениот ден ќе се одржи на 16 август (сабота), со почеток во 11:00 часот, на адреса ул. „Васил Ѓоргов“ бр.19, Скопје. Ќе имате можност да го запознаете тимот, студентите, факултетската атмосфера и од прва рака да дознаете што значи образованието што води кон сигурна иднина.


Бидејќи секое дете заслужува иднина полна со можности, сигурност и гордост. И затоа што секој родител заслужува да го види своето дете исполнето, независно и среќно.

Пријавете го Вашето присуство!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!