Првиот месец на Brainster Next: Како студентите стануваат професионалци од ден 1

Share

На Brainster Next College секој месец е полн со нови искуства, предизвици и практични проекти. Нашиот серијал Next Recap ги собира најинтересните моменти од академскиот живот на едно место: настани, предавања, реални проекти, презентации, студентски успеси и нови професори. 

Во октомври започна новата академска година и додека нашите студенти од втора и трета година веќе беа свесни за тоа што ги чека, новите студенти само што започнаа да се запознаваат со динамиката на Brainster Next. Тука секогаш се случува нешто, се работи на следниот голем проект, на следната цел, постојано се криера и иновира. Нашиот тим веќе им ги обезбеди сите потребни ресурси на студентите: експерти од индустријата, современи програми, реални клиенти од државниот и приватниот сектор, проекти со кои ќе бидат горди во своето портфолио… сега чекаме на студентите да блеснат.

Новите студенти од програмите Софтверско инженерство и иновации и UX/UI & графички дизајн имаа можност да се запознаат со просториите, тимот и другите студенти. Студентите дознаа за повеќе за своите програми и што сѐ ги очекува во текот на академската година: многу работа, реални проекти, хакатони и предизвици за реални клиенти од индустријата. Како што истакнува студентскиот координатор Ема, „Нема да биде лесно, но пред нив се три години полни со реални проекти, хакатони и голем личен и професионален развој.“

Почеток на академската година

Со стартот на Блок 1 предавањата, студентите се запознаа и со новите професори кои ќе ги водат низ академската година. Овој период е клучен за поставување на основите за нивниот понатамошен развој во индустријата. Просториите на Brainster во Капиштец и во Дебар Маало сега се исполнети со студенти кои веќе еуфорично започнаат.

Приватна тура во крафт пивара за нов реален проект

Првиот чекор кон создавање вистински бренд започнува со запознавање на самиот бизнис одвнатре. Студентите посетија приватна тура во пивара за да го разберат брендот за кој ќе работат следните недели, вклучувајќи именување, брендирање, дизајн на пакување и веб-страница. Овој проект е пример за практично искуство што ги подготвува студентите за реалната индустрија.

Презентации пред клиенти

  • Државен завод за статистика: Студентите од напредната летна пракса развија AI модел кој им овозможува на граѓаните и истражувачите да комуницираат директно со базите на податоци. Финалната презентација пред клиентите беше вистинска прилика за применување на стекнатото знаење во реална работна средина.
  • Factum AI: Студентите од Софтверско инженерство и UX/UI & графички дизајн ги презентираа своите резултати пред колегите, клиентите и професорите. Тие работеа со современи технологии како Next.js, API, AI и Extensions, стекнувајќи искуство што ќе ги подготви за нови професионални предизвици.

Средношколец Милионер MERCH

Студентите учествуваа во фотосесија за официјалниот мерч на најголемиот средношколски натпревар во земјата каде НУ Академиите и Brainster Next доделуват 1.000.000 денари, покажувајќи креативност и тимска работа.

Diners Club Macedonia Hackathon – доделување награди

Нашите студенти го прифатија предизвикот да дизајнираат нова Diners Club картичка и маркетинг стратегија за млади. Победничкиот тим освои вредносен ваучер, а Diners Club Macedonia стана првата франшиза со картичка дизајнирана од студенти. Како што истакнува Весна Терзиевска, Sales Director на Diners Club Macedonia, „Студентите донесоа свежа енергија и нови идеи, излегувајќи од рамките на зададеното.“ Победниците ќе продолжат да ја развиваат својата визија заедно со тимот на Diners Club.

Letterform Tour

Студентите имаа можност да учествуваат во виртуелна тура низ дигиталната архива со над 100.000 артефактиповрзани со lettering, типографија, калиграфија и графички дизајн.


Серијалот Next Recap го прикажува животот на студентите на Brainster Next на вистински, реален и инспиративен начин. Преку комбинација на практично искуство, индустриско менторство и динамична академска средина, студентите се подготвуваат да станат професионалци способни да се соочат со реалните предизвици на денешниот свет.

Следете нѐ за повеќе приказни за студентскиот живот, проекти и успеси на Brainster Next College.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!