Како Brainster Next го подготви Мартин за една од најпрестижните европски Johnson Matthey LEAD Graduate AI програми

Share

Со гордост ја споделуваме приказната на Мартин Цветковски: студент кој стана дел од престижната Johnson Matthey LEAD Graduate Program.
Johnson Matthey секоја година лансира една од најпрестижните програми за млади инженери во Европа, а годинава за прв пат фокусот е ставен на вештачката интелигенција и нејзината примена во индустријата.

Меѓу повеќе од 100 апликанти од Македонија, избран е токму Мартин Цветковски: студент на Софтверско инженерство на Brainster Next College. Како дел од програмата, во наредните години ќе има можност да работи во повеќе JM плантови низ светот, меѓу кои Полска и Англија, активно вклучен во дизајн, имплементација и одржување на автоматизирани системи, како и во AI проекти со глобално влијание.

Ваквиот успех не е изолиран пример. Со Johnson Matthey веќе изградивме силна стратешка соработка преку повеќе иницијативи – од предмети од индустријата и партнерства на Job Fair и AI Conference, до заеднички програми како Data Analytics Академијата. Дополнително, ова лето четворица студенти на Brainster Next започнуваат со пракса во JM, што е уште еден доказ за реалните можности кои се отвораат за нашите студенти преку вакви партнерства.

Ова признание е доказ дека практичниот пристап и работата на реални проекти во Brainster Next создаваат студенти подготвени веднаш да одговорат на највисоките стандарди на светски компании.

Како Brainster Next College ти помогна во градењето на вештините за да бидеш конкурентен на една вака престижна програма?

Brainster Next College ми даде можност да учам и да работам на проекти кои ме подготвија за реални предизвици во индустријата. Тука научив како да применувам техничко знаење, да решавам комплексни проблеми и да соработувам во тим, што ми даде самодоверба и ме направи конкурентен за Johnson Matthey LEAD Graduate програмата.

Што беше најголемиот предизвик во селекцијата меѓу повеќе од 100 апликанти на Johnson Matthey  (JM LEAD Graduate Program) и каква беше твојата реакција кога дозна дека си единствениот избран од Македонија?

Најголемиот предизвик во селекцијата беше секако конкуренцијата – повеќе од 100 талентирани апликанти од Македонија се пријавија за можноста да станат дел од Johnson Matthey, глобално престижна компанија која е лидер во иновации за одржлива енергија и напредни технологии. Можноста да бидете дел од една ваква организација која постојано поставува нови и исклучително високи стандарди на глобално ниво, го прави процесот предизвикувачки, но и неверојатно вреден. Кога дознав дека сум избран, почувствував огромна радост и задоволство, затоа што целиот вложен труд и посветеност навистина се исплатија.

Како праксата и работата на реални проекти на Brainster Next College те подготвија за професионалниот свет?

Праксата и работата на реални проекти на Brainster Next College ми овозможија да се запознаам со вистинската динамика на професионалниот свет. Преку учење на нови технологии, справување со непредвидливи ситуации и заедничка работа со различни тимови, научив како да донесувам одлуки, да прилагодувам стратегии и да придонесувам за проекти кои имаат реален импакт. Овие искуства ме подготвија да се вклучам во индустријата со самодоверба и практични вештини кои веднаш можам да ги користам.

Што точно опфаќа твојата улога како JM LEAD Graduate?

JM LEAD е многу важна и престижна програма, која во Македонија се одржува трета година по ред, а оваа година токму јас добив шанса да сум еден од кандидатите, што го прави моето задоволство уште поголемо.

Моментално сум во одделот за автоматика каде што главниот фокус е дизајн, имплементација и одржување на автоматизирани системи кои што имаат широка апликација во самата фабрика.

Мене, како JM LEAD Graduate, веднаш ме вклучија во повеќе AI проекти каде што гледам особено голем потенцијал за напредок и примена на досега наученото.

Дали имаш некој совет за студентите кои сега започнуваат или размислуваат да се запишат?

Мојот совет за студентите кои размислуваат да се запишат е да се впуштат во оваа авантура со љубопитност  и ентузијазам. Искористете ја секоја можност која што ви се нуди, не плашете се да грешите и учете од секоја ситуација. Колку повеќе вложите во себе, толку посигурни и подготвени ќе бидете за професионалниот свет, а патот кон вашата кариера ќе биде многу поинтересен и исполнет со непроценливи искуства.

Што мислиш дека го прави Brainster Next различен од традиционалните факултети?

Она што Brainster Next College го прави различен од традиционалните факултети е начинот на учење и непосредната примена на наученото. Тука учиш преку реални проекти и добиваш директно менторство од професионалци. Јас лично почувствував дека секој проект ми дава можност да го применам знаењето во пракса, бев поттикнат да се справувам со вистински предизвици и ми беше овозможена тесна соработка со колегите, како и со компании и стартапи на тимски проекти. Ова искуство ме подготви за професионалниот свет и ми помогна да стекнам вештини кои веднаш можам да ги применам во кариерата.


🚀 Brainster Next College ти овозможува работа на реални проекти, гарантирани летни пракси и студирање за 0 денари, а да плаќаш по вработување, затоа што знаеме дека ќе те вработиме.
Аплицирај до 20 септември за последниот уписен рок на студиската програма Софтверско инженерство и иновации.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!