Хакатон викенд: Студентите дизајнираат нова кредитна картичка за Diners Club Macedonia

Share

Изминатиот викенд студентите од Brainster Next College и NU High School Academy се соочија со вистински хакатон предизвик: да креираат нов изглед на картичка за Diners Club Macedonia, бренд кој повеќе од 20 години е симбол на доверба во финансиските услуги.

Овојпат задачата беше насочена кон нешто ново: дизајн на кредитна картичка и комуникација специјално наменета за генерацијата до 27 години. Diners Club веќе е препознатлив кај поворзната публика, но сега ги проширува своите услуги за младите кои својата финансиска независност ја доживуваат преку флексибилност, дигитални решенија и современ стил.

Студентите имаа само еден викенд да истражат конкуренција, да развијат концепт и да понудат решенија за визуелен идентитет, промоција на социјални медиуми и презентациски материјали. Под притисок на кратки рокови, тие работеа во тимови и учеа како креативноста и брзината на изведба се клучни за успех.

Кулминацијата на хакатонот беше финалната презентација, каде студентските тимови ги презентираа своите идеи директно пред претставниците на Diners Club Macedonia. Тоа беше вистинска можност не само да се покажат креативните решенија, туку и да се извежбаат презентациските вештини пред реален клиент кој очекува резултати.

„Решивме да соработуваме со Brainster Next на заеднички хакатон затоа што веруваме во факултетот и во студентите кои се постојано дел од практични проекти. Ова е уште една шанса што им ја нудиме за да се докажат и за да ги извежбаат своите вештини. Очекуваме да има реални резултати коишто ќе направат импакт на пазарот“. – Тони Јанковски, Product Development and Innovation, Diners Club Macedonia.

Со ова искуство студентите се соочија со сите предизвици на комуникација со бренд кој има историја и препознатливост, а треба да се позиционира на нов пазарен сегмент. Тие комбинираа дизајнерско размислување со бизнис цели, направија истражување на конкуренцијата и се инспирираа од модерни визуелни трендови на глобални брендови.

Следниот чекор? Да се открие која група ќе го понесе признанието за победничко решение. На овој начин студентите се соочија со реални бизнис проблеми и научија како креативноста и брзината на изведба се некогаш клучни за успех. А клиентите Diners Club добиваат свежи идеи од оние кои најдобро ја разбираат таргет групата: самите млади.


Brainster Next College ти овозможува работа на реални проекти за индустријата и гарантирани летни пракси!
Аплицирај до 20 септември за последниот уписен рок на студиските програми Софтверско инженерство и иновации или UX/UI и графички дизајн.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!