Кога студентите ќе влезат во индустрија: реално AI искуство со Factum AI

Share

Ова лето, тим од студенти на Brainster Next College од прва и втора година, во рамки на напредната AI пракса, работеа со тимот на Factum AI, компанија што ја трансформира работата на правните професионалци преку вештачка интелигенција.

Тим на студенти од софтверско инженерство и UX/UI и графички дизајн добија одлична можност и работеа на развој на екстензија што ја интегрира Factum AI директно во Word. Се работи за решение што им овозможува на правниците побрзо и поефикасно да истражуваат, пишуваат и анализираат правни документи.

Со тимот практиканти од Brainster Next работиме на развој на екстензија што ја интегрира Factum AI директно во Word. Студентите од прва и втора година покажаа сериозен професионален пристап и голема техничка зрелост. Тие работат како вистински тим: девелопери и дизајнери кои преку AI алатки создаваат реални решенија.
— Димитар Чуковски, CEO @Factum AI

Во текот на праксата, студентите работеа во динамична, професионална средина: со тимски состаноци, спринтови, API интеграции и AI технологии како Next.js, browser extensions и AI модели.

Освен техничка обука, студентите стекнуваа и непроценливо работно искуство: тимска работа, комуникација и менаџирање на време.

Оваа пракса ми помогна да научам како подобро да ги менаџирам обврските, како да работам во тим и да комуницирам со различни профили на луѓе. Научив и како правилно да ги приоритизирам задачите.
— Цветан Димитровски, студент на Софтверско инженерство и иновации

За многумина ова беше прво искуство во реална работна средина — со вистински клиент, вистински рокови и реален притисок.
И токму тоа е она што ги прави ваквите искуства непроценливи.

Првпат се сретнувам со ваков проблем и се наоѓам во атмосфера каде можам да научам и да соработувам со вистински професионалци. Голема предност ми е што оваа пракса ми претставува отворена врата за во втора година.
— Илијана Иваноска, студентка на UX/UI и графички дизајн

Праксата заврши со финална презентација пред клиентите, колегите и професорите, каде студентите ги презентираа резултатите и процесот на работа.

Овој проект покажа дека вистинските промени се случуваат кога ќе се создаде мост помеѓу академијата и индустријата.

Кога младите таленти ќе добијат шанса да учат директно од експерти и да работат на реални проекти, тие не само што стекнуваат искуство — тие се обликуваат во професионалци подготвени за пазар што постојано се менува.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!