Кире Јорданов е дел од првата генерација студенти на Brainster Next колеџот, а денес – и дел од дизајн тимот на Brainster.
Неговата приказна е токму она што сакаме да го истакнеме: како визијата, вложениот труд и вистинската средина можат да ја трансформираат една млада личност – од несигурен студент до самоуверен професионалец.
На само чекор пред да ја добие дипломата, Кире веќе ги живее резултатите од својот избор – работи на реални проекти, е дел од креативен и поддржувачки тим и секојдневно расте и учи во професионална средина
Оваа приказна ја објавуваме со посебна гордост, затоа што Кире е дел од првата дипломирана генерација на Brainster Next колеџот – генерација со 100% вработување! 🙌
Продолжи со читање за да откриеш како изгледа реалната трансформација што ја нуди образованието кога е креирано по мерка на студентот.

Како те смени Brainster Next колеџот?
Brainster Next колеџот целосно го промени начинот на кој гледам кон образованието, работата и сопствениот развој. Од моментот кога зачекорив во оваа заедница, не бев само студент, туку дел од еден иновативен систем каде што знаењето не се учи пасивно, туку се создава, применува и живее. Работејќи на реални проекти, во тимови, со вистински клиенти и под менторство од професионалци, добив самодоверба и знаење која не може да се добие од традиционалното студирање. Од студент кој не беше во целост сигурен во своите вештини и можности, прераснав во личност која знае да преземе иницијатива, да комуницира, да се адаптира и да испорача резултати. Најважно од сè, Brainster Next ме научи како да бидам проактивен, критички да размислувам и постојано да се подобрувам – не само како идeн софтверски инженер, туку и како личност.
Кој мислеше дека ќе бидеш на 5 години?
Кога бев мал, искрено не можев да се одлучам. Еден ден сакав да бидам уметник, друг ден архитект, па дури и научник или изумител. Моите мислења и професии од соништата постојано се менуваа, затоа што размислував во сите насоки и се ми беше интересно. И денес сум таков. Сакам да истражувам, да учам нови работи, да ги гледам работите од различни агли. Љубопитноста ме инспирира, а креативноста е мојот начин на изразување. Можеби тогаш не знаев точно што ќе бидам, ама знаев едно: сакам да правам нешто што е динамично, иновативно и каде што можам да бидам јас, со сите мои идеи, прашања и енергија. Денес, кога размислувам наназад, гледам дека таа детска искра за успех никогаш не згаснала, само прераснала во нешто поорганизирано и поинтензивно, а она дете од 5 години би било гордо на тоа.
Како ќе го опишеш Brainster Next на некој што само што почнува на факултетот?
Brainster Next е местото каде што ќе научиш што значи да бидеш дел од нешто вистинско. Не е типичен факултет каде што сè е теорија и испити, тука од прв ден ќе влезеш во проекти, ќе работиш во тимови, и ќе се чувствуваш како да си веќе дел од некоја заедница. Ќе имаш поддршка, ама и предизвици. Ќе згрешиш, ама ќе научиш повеќе од тие грешки. Ќе запознаеш луѓе што ќе те инспирираат, и ментори што не се тука само за да те оценуваат, туку навистина сакаат да ти помогнат да успееш. Тука нема само да „завршиш факултет“, ќе изградиш портфолио, ќе стекнеш вештини, ќе се вмрежиш со луѓе од индустријата и ќе бидеш подготвен за работа уште пред диплома. Ќе се пронајдеш. Ќе откриеш што вистински те возбудува, што сакаш да работиш – и ќе добиеш поддршка тоа навистина да го постигнеш. Ако си подготвен да вложиш труд, Brainster Next ќе ти даде можност од секоја идеја да направиш нешто конкретно. И најважно, тука нема да се чувствуваш како број (индекс), туку како некој што има глас, мислење и потенцијал.

Како ќе ја опишеш твојата нова работна атмофера во Brainster Next и која е твојата улога?
Секој ден изгледа поинаку, со нови идеи и предизвици, ама секогаш постои една заедничка енергија – креативност, тимска поддршка и желба за напредок. Почнав со пракса во дизајн тимот, мојата улога вклучува работа на реални проекти, каде што не само што учам, туку и директно придонесувам. Работиме заедно, споделуваме идеи, се советуваме и секогаш има простор да прашаш, да предложиш, да експериментираш. Оваа пракса ми покажува како изгледа вистински тимски дух – сите сакаме да создаваме нешто што вреди. И што е најважно, гледам дека и моето мислење се слуша и се цени. Тоа ме мотивира секој ден да давам сè од себе.
Знаеш тој момент кога ќе влезеш некаде и веднаш ќе почувствуваш дека си на вистинското место? Така изгледаше мојот прв ден во дизајн тимот во Brainster Next. Работната атмосфера е комбинација од фокус и смеа, од конструктивна критика и искрена поддршка. Тимот не е само тим – тоа се луѓе што те охрабруваат да бидеш подобар, но и да останеш свој. Во оваа средина растам и како професионалец и како човек.
Каков совет би им дал на матурантите кои размислуваат за своето образование?
Слушнете ги сите совети – но најмногу и на крај слушајте се себе си. Ќе има луѓе што ќе ви кажуваат што е „сигурно“, што „вреди“, а што „не е баш факултет“. И јас го слушав сето тоа. Но, на крајот, одлуката ја донесов според тоа што чувствував дека е правилно за мене – и денес сум сигурен дека не згрешив. Избрав средина каде што можам да бидам јас, каде што се цени трудот, креативноста и желбата за учење. И токму затоа – растам. Не само академски, туку и како личност. Понекогаш најдобрите одлуки се оние што не звучат најтрадиционално. Образованието не треба да те стави во калап – туку да ти даде алатки да го моделираш својот пат. Најдобрите одлуки ги носиш кога се водени од љубопитност, а не од страв.