Од факултет до австриски стартап: искуството на 30 студенти од Brainster Next

Share

Што се случува кога студентите не чекаат да дипломираат за да стекнат меѓународно работно искуство?

30 студенти од Brainster Next College работеа remote со 7 австриски стартапи, во интернационални тимови и на реални задачи — од AI решенија, веб-продукти и UX/UI до brand guidelines и дигитална содржина.

Некои работеа на AI асистент за хотели. Други развиваа веб-страници, креираа брендови или работеа на AI решенија за контрола на квалитет.

Работеа со реални рокови, реални тимови и луѓе од компании надвор од Македонија.

Ги прашавме што точно работеа, со какви предизвици се соочија и што научија што не може да се научи само од учебник.

Ова е нивното искуство.


MUST Visibility

Христијан Бинаров, Владимир Андонов, Ана Лазаревска и Мартина Гогова

Студентите работеа за австрискиот стартап MUST Visibility, каде што работеа на реални визуелни и промотивни материјали.

Христијан креираше templates за презентации и Word документи, AI видеа за промоција на стартапот, како и визуелни материјали за веб-страницата и социјалните мрежи.

Еден од најголемите предизвици му било креирањето на AI видео — нешто со кое претходно немал искуство.

„До сега сум немал такво искуство, но сепак брзо и ефикасно се снајдов.“

Владимир работеше како дизајнер, креирајќи графички и визуелни материјали и соработувајќи со програмерите за финалниот изглед на продуктот.

За нив, ова било искуство во кое тимската работа и комуникацијата се исто толку важни колку и самата задача.


Indigo Water

Зоран Соврлиќ, Моника Петрушевска, Љубица Иванова, Јани Јеранда и Јован Јорданов

Во Indigo Water, студентите работеа во тимови составени од дизајнери и програмери, на различни делови од веб-продуктот и визуелниот идентитет.

Јани, Љубица и Јован работеа на визуелниот дел од стартапот и развиваа различни дизајнерски решенија и материјали.

Јован, покрај Website и Product UI/UX design, ја презеде и лидерската улога во стартап тимот и дизајнерскиот тим.

Неговиот ден изгледал како вистински работен ден — разгледување на дневните и неделните задачи, работа на нив, комуникација со тимот и распределба на задачите.

Соработката со луѓето од стартапот ја опишува како „неверојатна“, со редовни состаноци, јасни насоки и постојана комуникација.


MR Safe

Лука Милевски, Лука Василевски, Бобан Котевски и Драгана Цветковска

Во MR Safe, студентите работеа на Brand Book и Brand Guidelines за компанијата.

За Лука Милевски и Лука Василевски, една од најголемите задачи била да одредат што треба да содржи брендот и како треба визуелно да биде претставен.

„Најгорд сум на изработката на Brand Book/Brand Guidelines делот.“

Но, искуството не било само за дизајнот. Студентите ја развивале и тимската работа — како да ја поделат работата, да комуницираат меѓусебно и да дојдат до заедничко решение.

Токму тоа Лука го издвојува како една од најважните вештини што ги развил преку праксата.


CodiGo

Марко Ангеловски, Нина Насевска, Маја Алексовска и Дарио Тодороски

Четворицата студенти работеа со австрискиот стартап CodiGo, стекнувајќи искуство во работа со интернационален стартап тим и на реални задачи.


SimplyAI

Моника Кристо, Теа Михаиловска, Петар Гошев, Матеј Конев и Александар Радевски

Во SimplyAI, студентите работеа на AI решение за хотелската индустрија — систем кој треба да го олесни престојот на гостите во хотелите.

Тимот беше поделен според различни области: Матеј, Александар и Петар работеа на дизајнерскиот дел, додека Моника и Теа работеа на развојот на софтверското решение.

Моника работеше на AI асистентот на платформата.

„Секој ден имав нов task што го извршував.“

За Петар, едно од највредните искуства било претворањето на идеја во функционално решение, комуникацијата со клиент и работата под реални рокови.

„Научив како идејата да ја претворам во функционално решение, да комуницирам со клиент и да работам во тим под реални рокови.“

И можеби најважната лекција:

Добриот дизајн не е само да изгледа убаво. Треба да решава проблем.


Покрај овие, студентите Сергеј Крстевски, Тоше Смиљанов и Катерина Јанчовска работеа и со Inkoo и уште еден австриски стартап во рамки на програмата.

Преку работата во овие 7 стартапи, вкупно 30 студенти добија можност да искусат како изгледа работа во интернационална стартап средина — уште додека студираат.

За некои тоа значеше прва работа со интернационален клиент. За други, прва средба со конкретен проблем кој нема готово решение во учебник.

Но за сите значеше едно:

кариерата може да започне многу пред дипломата.


Не чекај диплома за да започнеш.

На Brainster Next не студираш само за диплома.

Работиш на реални проекти.
Работиш со реални компании.
Градиш портфолио.
Учиш со AI и технологии кои веќе се користат во индустријата.
И добиваш можност да стекнеш искуство кое можеш да го ставиш зад себе уште пред да дипломираш.

Вториот уписен рок е во тек. Последна можност за упис.
👉 Пријави се за упис!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!