Реален клиент. Реален deadline. Реален проект.

Share

Што се случува кога на факултет не работиш само на задачи, туку на реални проекти за реални клиенти?

Имаш клиент со конкретни потреби. Имаш реален deadline до кој продуктот треба да биде готов. Имаш дизајн кој треба да се претвори во функционална веб-страница. Имаш код кој понекогаш не функционира од прва. И имаш тим во кој не можеш едноставно да кажеш: „Ова е мојот дел, останатото не е моја работа.“

Токму вака изгледа еден од apprenticeship проектите на Brainster Next College.

Тамара Трајкова, 3та година на графички и UX/UI дизајн, и Анастасија Митова и Никола Христов, 3та година на софтверско инженерство, работат заедно на изработка на веб-страница за Synapse HR, колектив специјализиран за HR консалтинг. 

Од првичните барања на клиентот, преку дизајнот и развојот, па сè до финалното решение, студентите го поминуваат целиот процес на создавање реален дигитален производ.

И токму затоа ова не е само уште еден факултетски проект.

Ова е искуство кое покажува како навистина изгледа работата во професијата.

Кога проектот навистина треба да функционира

Кога работиш за реален клиент, проектот не завршува кога ќе го предадеш.

Треба да функционира.

Треба да ги исполни барањата на клиентот. Треба тимот да ги испочитува роковите. И секој член треба да го заврши својот дел за останатите да можат да продолжат.

„За мене тоа значи дека проектот не го гледаме само како задача од факултет, туку како нешто што навистина ќе го користи клиент“, вели Никола.

Токму ова го прави искуството различно од класична студентска задача. Студентите работат со вистински deadline-и, комуницираат околу барањата на клиентот и имаат одговорност за финалниот резултат.

А бидејќи тимот е мултидисциплинарен, секој дел од проектот е поврзан.

Дизајнот треба да биде во согласност со функционалностите. Функционалностите треба да го следат корисничкото искуство. А сите заедно треба да одговараат на потребите на клиентот.

„Дизајнерот се грижи за тоа како ќе изгледа и како ќе го користи корисникот, додека инженерите треба тоа да го претворат во функционален производ“, објаснува Никола.

Кога дизајнерот и програмерот треба да размислуваат заедно

Еден од најголемите предизвици на проектот е токму усогласувањето на дизајнот со функционалностите на веб-страницата.

Не секоја идеја што изгледа одлично визуелно е наједноставна за имплементација. А не секое техничко решение автоматски значи и добро корисничко искуство.

Затоа комуникацијата меѓу различните профили е клучна.

„Соработката е многу поголема отколку што можеби изгледа од страна“, вели Никола. „Некoja идеја визуелно може да изгледа одлично, но да бара поинаков пристап за да се имплементира.“

И токму тука студентите учат нешто што е тешко да се научи само преку теорија: како различни професии работат заедно за да создадат еден производ.

Најголемиот предизвик? Различни идеи

Кога повеќе луѓе работат на ист проект, нормално е да немаат секогаш исто мислење.

На тимот му се случува да има различни идеи околу тоа како нешто треба да изгледа или да функционира.

Но целта не е некој да „победи“ во дискусијата.

Целта е да се најде решение кое е најдобро за проектот и за клиентот.

„Не секогаш сите имаме исто мислење за тоа како нешто треба да изгледа или да функционира. Ги разгледуваме предлозите и се фокусираме на тоа што е најдобро за проектот и за клиентот“, објаснува Никола.

За Анастасија, токму способноста да се прилагодиш е една од најважните вештини за работа во мултидисциплинарен тим:

„Најважно е да знаеш да се прилагодиш и да ги почитуваш различните идеи и начини на работа во тимот.“

А за Никола, најважна е комуникацијата:

„Може да си многу добар во тоа што го работиш, но ако не знаеш да комуницираш со останатите, многу потешко се завршува еден ваков проект. Важно е да знаеш да го објасниш своето мислење, но и да ги слушнеш другите.“

Од потреба на клиентот до конкретно решение

Како изгледа процесот?

Сè започнува со разбирање на потребите и барањата на клиентот. Потоа тие се претвораат во конкретни идеи, дизајн и функционалности.

„Прво ги разгледуваме потребите и барањата на клиентот, а потоа почнуваме да ги претвораме во конкретни идеи. Дизајнот се развива постепено, со дискусии и повратни информации од тимот и клиентот“, вели Никола.

Потоа техничкиот дел треба да го претвори решението во функционална веб-страница.

И токму тука започнува вистинскиот engineering процес.

А што кога кодот не функционира?

На реален проект, не функционира сè од прва.

И тоа е дел од процесот.

Кога нешто не изгледа или не функционира како што е замислено, тимот бара каде е проблемот, тестира различни пристапи и го менува решението.

„Имаме ситуации кога нешто не изгледа или не функционира како што првично сме замислиле. Тогаш прво се обидуваме да најдеме што точно го предизвикува проблемот, а потоа бараме друга варијанта“, објаснува Никола.

Токму преку овие ситуации студентите учат и како да дебагираат на реален проект.

„Наместо само да бараме брзо решение, го проверуваме кодот, гледаме каде е проблемот и постепено го коригираме. На тој начин учиме и како подобро да дебагираме кога работиме на реален проект.“

И можеби една од најважните лекции е едноставна:

„Во програмирањето не секогаш првата идеја е и најдоброто решение.“

Не учиш само како да го направиш производот. Учиш како да работиш.

Работата со реален клиент им дава на студентите поинаква перспектива за нивната идна професија.

За Никола, софтверското инженерство повеќе не е само пишување код и градење функционалности.

„После работата со реален клиент сфатив колку се важни комуникацијата, тимската работа, роковите и разбирањето на потребите на клиентот. Тоа ми даде пореална слика за тоа како изгледа работата како софтверски инженер.“

Анастасија, пак, го издвојува практичното искуство како нешто што ќе ѝ користи и понатаму:

„Најмногу ќе ми користи практичното искуство и навиката да работам на реални проекти, а не само теоретски.“

Затоа што кога ќе дојде време за првата работа, не е доволно само да знаеш што е UX, што е код или како функционира одредена технологија.

Треба да знаеш и како да работиш со луѓе. Како да комуницираш со клиент. Како да работиш под deadline. Како да решиш проблем кога првото решение не функционира.

И токму тоа е искуството што го градат студентите преку apprenticeship проектите на Brainster Next College.

Што би им кажале на идните Next студенти?

Кога би требало да им дадат еден совет на идните студенти, одговорот на Никола е директен:

„Не се фокусирајте само на оценките и теоријата, туку што повеќе да работите на реални проекти. Најмногу се учи кога треба сами да решите проблем и кога работите во тим.“

Анастасија има уште еден совет:

„Да не се плашат да пробаат. Ќе има предизвици, ама баш преку нив најмногу се учи и стекнува искуство.“

А ако треба да издвојат една работа што Brainster Next им ја дава, а најмногу ќе им користи во кариерата?

За Никола тоа е:

„Дефинитивно искуството со работа на реални проекти. Тоа ми помогна да сфатам како изгледа работата во тим, како се комуницира со клиент и како знаењето што го учиме на студиите се применува во пракса.“

За Анастасија – практичното искуство и навиката да работи на реални проекти.

И можеби токму тука е разликата.

На Brainster Next College, студентите не чекаат да дипломираат за првпат да видат како изгледа нивната професија во реалниот свет.

Работат. Создаваат. Грешат. Решаваат. Комуницираат. Испорачуваат.

И секој следен проект ги носи еден чекор поблиску до професионалецот што сакаат да станат.

Реален клиент. Реален deadline. Реално искуство.

Остануваат само уште 10 места за вториот уписен рок на Brainster Next College.

👉 Реши го приемниот тест!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!