Од училница до реални стартапи во Грац – студентите на Brainster Next College добиваат можност своето знаење да го применат на меѓународна сцена.
Brainster Next College ја започнува својата нова меѓународна соработка со Science Park Graz, еден од водечките high-tech стартап инкубатори во Австрија, а првите резултати веќе се тука.
Преку оваа соработка, 30 наши студенти работат на реални проекти за 7 стартапи од екосистемот на Science Park Graz. Наместо да учат само теорија, студентите добиваат можност да се соочат со вистински предизвици, да создаваат решенија за реални компании и да искусат како изгледа работата во меѓународен стартап екосистем.



Најважно преку оваа пракса да градат интернационална кариера.
Science Park Graz е стартап инкубатор кој им помага на претприемачите и high-tech стартапите да ги претворат своите идеи во успешни бизниси. Со повеќе од 370 поддржани проекти досега и околу 45–50 стартапи кои во секој момент се дел од нивните програми, Science Park е место каде што иновациите секојдневно се претвораат во реални производи и бизниси.
Токму во таква средина сега работат и учат нашите студенти.
Преку проектите, студенти од програмите Software Engineering & Innovation и Graphic Design & UX/UI соработуваат со стартапи како SimplyAI, MrSafe, MUST Visibility, Indigo Water Group, CodiGo и Inkoo, работејќи на конкретни задачи и решенија кои имаат реална примена.
За студентите, ова значи нешто многу повеќе од уште еден проект во портфолиото.
Тоа значи работа со вистински клиенти, тимска работа, решавање реални проблеми и искуство во меѓународен професионален контекст.



Соработка што отвора нови можности
Соработката со Science Park Graz започна благодарение на позитивното искуство со еден од стартапите во нивниот екосистем, кој претходно соработувал со Brainster. Искуството било доволно силно за Science Park да одлучи можноста да ја прошири кон останатите стартапи во својот екосистем.
А ова е само почеток.
Нашата цел е да продолжиме да отвораме нови можности за студентите и да ги поврзуваме со компании, стартапи и професионалци надвор од границите на Македонија.
Затоа што за нас, образованието не завршува со теоријата. Најдоброто учење започнува кога ќе добиеш шанса да го примениш знаењето на вистински проблем.
А кога тој проблем доаѓа од стартап во Австрија – уште подобро.


Ако си матурант оваа информација е за тебе.
Ако сакаш и ти да учиш преку реални проекти, да работиш со компании и да градиш кариера уште за време на студиите, сега е моментот.
Тестот за упис на Brainster Next College е отворен, а моментално остануваат само уште 10 места за вториот уписен рок.
Реши го тестот за да се квалификуваш да студираш бесплатно на Next и да плаќаш по вработување!