За многу студенти, праксата е првиот контакт со реалниот свет на технологијата.
За студентите на Brainster Next College, таа е природно продолжение на сè што веќе го работат за време на студирањето.
Додека многумина ја чекаат дипломата за да ја започнат својата кариера, четворица наши студенти веќе работат како AI инженери во две водечки компании – Ananas и Diners Club International.
Ова не е приказна само за добиени пракси.
Ова е приказна за доверба. За образование кое не завршува во училница. И за компании кои препознаваат дека практичното знаење создава професионалци уште пред дипломирањето.



Од студентски проекти до AI стратегии во Ananas
Даниел Дечков и Ива Чекарова неодамна започнаа пракса во Ananas.
За Даниел, ова е веќе трета пракса за време на студирањето, по искуствата во Networker и 42Dynamics. Тој вели дека уште по првите неколку дена почувствувал дека е дел од професионален тим.
„Работата во компанија носи поинаков вид на стрес од факултетот, но токму таму гледаш колку од тоа што си го научил навистина функционира во реална средина.“
Кога денес би можел да се врати назад, вели дека би се стресирал многу помалку.
„Кога учев без толкав притисок, всушност научив најмногу.“
Ива, пак, смета дека најголемата вредност што ја добила од Brainster Next College е искуството.
„Искуството не може да се купи со пари. Ретко каде студентите имаат можност уште како почетници да работат рамо до рамо со професионалци.“
Како еден од најзначајните проекти го издвојува својот дипломски труд ParkPal – интелигентен систем за менаџирање паркинг, развиен со поддршка од професорите и менторите.
За Даниел, пак, најголем впечаток оставиле проектот за Networker во прва година и хакатонот „Бушава Азбука“, каде што работел на развој на игра.
И двајцата се согласуваат дека најголемата вредност од студирањето не е само знаењето, туку комбинацијата од реални проекти, повеќе пракси, менторство и луѓето што ги запознале на тој пат.


Во Ananas не се само практиканти – тие градат AI иднина
Според Денис Ампов, Country Manager на Ananas, токму практичниот пристап е причината поради која студентите од Brainster Next College можат да придонесуваат уште од првиот ден.
„Студентите не се тука само за да учат. Тие активно учествуваат во градењето на AI стратегијата и AI roadmap-от на компанијата.“
Тој истакнува дека компаниите денес имаат потреба од луѓе кои знаат да решаваат реални проблеми, а не само да репродуцираат теоретско знаење.
„Практичното искуство стекнато преку натпревари, хакатони и работа на реални проекти им овозможува веднаш да создаваат вредност.“
Според него, вистинската AI трансформација не започнува со избор на алатка, туку со разбирање на процесите каде што вештачката интелигенција може да создаде најголем бизнис импакт. Токму затоа соработката помеѓу Brainster Next College и Ananas претставува пример како образованието и индустријата можат заедно да создаваат иновации.



Од факултет директно во тимот на Diners Club International
Веќе повеќе од еден месец, Лео Новкоски и Кристијан Кралевски се дел од тимот на Diners Club International.
За нив, преминот од студент во професионалец не бил голем шок, затоа што уште за време на студирањето работеле на десетици реални проекти.
„Практичната работа е најголемата предност на Brainster Next College. Благодарение на проектите и менторството, многу полесно се вклопивме во професионална средина.“
На прашањето што би промениле во своето студирање, нивниот одговор е едноставен:
„Не би смениле ништо.“
Тие велат дека секој проект, секој предизвик и секоја повратна информација од професорите придонеле да станат подобри инженери.
Посебно ја издвојуваат достапноста на менторите, кои секогаш биле подготвени да помогнат, како и балансот помеѓу студирањето, личниот живот и останатите активности.
Освен работата на реални проекти за компании, студентите развиваат и сопствени решенија. Еден од нив е MFL Statistics Tracker, проект кој анализира статистики и натпревари од Првата македонска фудбалска лига.
Кога ги прашавме дали би го препорачале Brainster Next College, нивниот одговор беше краток:
„Не би дале совет. Би дале зелено светло.“


Практичното образование не започнува со праксата. Тоа започнува од првиот ден.
Приказните на Даниел, Ива, Лео и Кристијан покажуваат дека кога студентите работат на реални проекти, учат од искусни ментори и се поврзани со компаниите уште за време на студирањето, преминот кон професионалната кариера станува природен.
Затоа на Brainster Next College праксата не е награда што доаѓа на крајот од студирањето.
Таа е логичен резултат на образование кое е создадено за реалниот свет.
И токму затоа, сè повеќе компании им доверуваат на нашите студенти не само задачи, туку и одговорност да бидат дел од AI трансформацијата уште пред да дипломираат.
Доколку размислуваш да студираш кај нас, уписот се затвара за 14 дена. Поради пополнетост на групите останува кратко време во кое примаме апликации.